• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Стопанска банка АД-Скопје го „замрзна“ Ист гејт мол

13 април 2022, 11:24
  • cподели

Како изгледа кога сѐ е ставено на пауза? Секој миг, сите средби, соништа, желби, идеи, планови? Таа пауза во животот неодамна ја доживеавме во Ист гејт мол, каде во еден миг сѐ беше „смрзнато“ - луѓето, движењето, купувањето, разговорите... Многу невообичаена слика за раздвижената атмосфера на која сме навикнати во овој трговски центар.

За среќа, таа пауза траеше само додека се снимаше новиот ТВ спот на Стопанска банка АД-Скопје. Беше интересно на сетот во живо да се видат сите работи што светот ги имаше ставено на пауза за време на пандемијата, претставени преку колоритни, несекојдневни ситуации. Возбудата порасна кога некој „стисна плеј“ и животот продолжи токму онаму каде што светот застана пред две години, повторно исполнет со позитивна енергија, насмевки, дружење и моменти вредни за паметење.

Стопанска банка АД-Скопје им ги довери креативниот концепт и продукцијата на спотот на маркетинг агенцијата „Њу Момент“. Тимот на агенцијата под режисерската палка на Срѓан Јанаќијевиќ и со помош на костимите на Розе Трајчевска одлично ги долови емоциите кои досега беа ставени на пауза и создаде мало ремек-дело кое заслужува внимание.

Стопанска банка АД-Скопје

Симболиката на „замрзнатиот“ живот во спотот ја нагласува безгрижното дете кое се движи весело низ сите “замрзнати“ ликови и ситуации затоа што едноставно е дете, живее и се радува во секој момент, за на крај да нѐ потсети дека е време да продолжиме онаму каде што застанавме.

Пораката што ја испраќа Стопанска банка АД-Скопје е едноставна и ефективна – време е да продолжиме напред и секојдневно да креираме незаборавни спомени, користејќи ги сите можности што ни се на располагање. Да не чекаме, да не одложуваме и да не паузираме затоа што животот се случува сега.

Стиснете „плеј“ и уживајте во секој момент од спотот:

Видео

Стопанска банка АД-Скопје Стопанска банка АД-Скопје Стопанска банка АД-Скопје Стопанска банка АД-Скопје Стопанска банка АД-Скопје
Tags
Стопанска банка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.