• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Стоп за насилството врз жените: Камениот Мост засвети во портокалово и портокалова панделка од луѓе со чадори во Скопје

26 ноември 2015, 12:21
  • cподели

Низ целиот свет вчера започна кампања со цел подигнување на свеста за родовото насилство, во рамките на која се организираат низа активности кои ќе придонесат за ставање точка на насилството врз жените и девојките.

Под мотото „Обојте го светот во портокалово: Ставете точка на насилството врз жените и девојките“, препознатливи национални обележја низ целиот светот, како историскиот Камен Мост во Скопје, живописните Нијагарини водопади во Америка, древната Петра во Јордан и колевката на ЕУ во Брисел, светнаа во портокалово и ја пратија универзалната порака за свет без насилство.

И Македонија се приклучи во меѓународната кампања. Освен што Камениот мост блесна во портокалово, беше формирана портокалова панделка од луѓе со чадори.

Обојте го светот во портокалово Обојте го светот во портокалово

„Насилството врз жените е истовремено и најшироко распространетата и најмалку препознаената повреда на човековите права во светот. Токму затоа, борбата против него претставува прашање од највисок приоритет за Обединетите нации“ – потенцира Луиза Винтон, Постојаниот координатор на Обединетите нации.

„Родовото насилство претставува брутален облик на дискриминација и кршење на основните права“ – изјави амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав. „Тоа е истовремено и причина за и последица на нееднаквоста меѓу мажите и жените.“

Обојте го светот во портокалово Обојте го светот во портокалово

Статистичките податоци покажуваат дека една од три жени во Европа доживува родово насилство во текот на својот живот. Резултатите од последното истражување на ЕУ на 42.000 жени од сите 28 земји-членки јасно покажуваат дека седум проценти од сите жени биле предмет на физичко насилство во текот на една година. На ниво на ЕУ тоа значи 62 милиони жени-жртви во текот на животот и 13 милиони жени-жртви во текот на само една година.

Студијата за судските предмети, поддржана од Организацијата за жени на ОН, покажува дека во нашата земја 93% од сторителите се мажи, а 82% од жртвите се жени. Во само 4% од предметите, мажите се жртви на насилство извршено од страна на жените.

Донесувањето на новото законодавство во државата посветено на борбата против семејното насилство значи исчекор за земјата, но потребни се натамошни напори за спречување на злоупотребата, заштита на жртвите и казнување на сторителите.

Обојте го светот во портокалово Обојте го светот во портокалово

Европската Унија и агенциите на ОН во земјата се посветени на обезбедување поддршка за напорите на сите чинители – за преточување на правните гаранции во суштински промени на начинот на којшто полицијата, обвинителите, здравствените и социјалните работници ги извршуваат своите должности. Ратификацијата на „Истанбулската конвенција“ на Советот на Европа ќе претставува одраз на натамошниот напредок.

Во согласност со конвенциите на ОН за родова еднаквост, агенциите на ОН во земјата, заедно со Владата и невладиниот сектор, работат во правец на обезбедување поддршка за донесување политики и практики поврзани со борбата против родовото насилство. Организацијата за жени на ОН и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) поддржуваат бројни истражувања, експертиза, обуки и советувања што треба да го унапредат процесот на делување. Истовремено, родовата еднаквост и елиминирањето на родовото насилство, исто така, се во сржта на новите Цели за одржлив развој што беа усвоени од сите земји-членки на ОН во септември 2015 година.

Обојте го светот во портокалово

Европската Унија работи на ова поле преку законодавни и практични мерки во однос на правата на жртвите. Унијата финансира и поддржува активности за подигнување на свеста за борбата против родовото насилство и го овозможува развојот на заеднички решенија меѓу ЕУ и европските земји преку размена на добрите практики. ЕУ спроведува широки и сеопфатни активности за собирање на податоци и анализа на зачестеноста на родовото насилство во цела Европа; Европскиот институт за родова еднаквост беше основан за да им обезбеди поддршка на земјите-членки и на ЕУ во оваа смисла. Европската комисија неодамна објави нова Рамка за родова еднаквост и зајакнување на положбата на жените што се заснова врз научените лекции од Родовиот акциски план 2010-2015 г. за посилна структура за следење и отчетност што става посебен акцент на борбата против насилството врз жените и девојките. Во земјата, нов твининг проект за родова еднаквост финансиран од ЕУ се спроведува заедно со Министерството за труд и социјална политика со цел унапредување на родовата еднаквост во низа различни сектори – од носењето одлуки до руралниот развој и борбата против семејното насилство – и во соработка со клучните партнери и претставниците на женските движења од граѓанското општество.

Tags
Меѓународен ден за елиминирање на насилство врз жените
семејно насилство

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.