• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Што поскоро да ви се врати насмевката“: Ана Костадиновска, која го преживеа пожарот, доби слатка порака од учениците

24 март 2025, 08:31
  • cподели

По ужасната трагедија во Кочани, Ана Костадиновска доби топла поддршка од своите ученици.

Со слатка порака, тие ѝ ја изразија својата поддршка и љубов, надевајќи се дека ќе ја видат повторно насмеана.

Талентираната битолчанка, која беше придружен вокал на ДНК и едвај успеа да се спаси во пожарот, доби многу љубов од своите ученици Илија и Драгана.

„Драга професорке, ви посакуваме брзо опоравување и што поскоро да ви се врати насмевката на лицето. Ве сакаме, Илија и Драгана“ – стои во нивната порака, испратена со прекрасен подарок.

„ВИЕ сте мојата насмевка и сила. ВЕ САКАМ деца мои“ - напиша Ана.

Ана со тешко срце се збогуваше со своите осум колеги од ДНК, а најемотивно приврзана беше кон Сара Пројковска, со која беа многу блиски и заедно придружуваа многу пејачи на нивните концерти.

„Јас и ти ко едно тело“ - напиша Ана во описот на фотографија со Сара, која не успеа да се спаси во пожарот.

Ана Костадиновска и Сара Пројчевска Ана Костадиновска и Сара Пројчевска

Најнови

  • „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември

    Fri, 11/06/2026 - 14:30
  • Општествената одговорност во срцето на Lush: британскиот бренд за свежа, рачно изработена козметика ја отвори својата трета продавница во Македонија

    Fri, 11/06/2026 - 14:01
  • Меланија Трамп во бел костум од Долче и Габана одликувана со висок украински орден

    Fri, 11/06/2026 - 13:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.