• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Што навистина мислат жените за нивните Фејсбук пријатели?

6 април 2011, 12:26
  • cподели

Повеќето членови на друштвената мрежа Facebook меѓу онлајн пријателите имаат вистински пријатели и „пријатели“ (другарка на другарката на сестра си, пријател на колегата од работа итн.).

И се разбира, невозможно е да не се случи некој од нив да испрати пост што ќе ве натера да ги „превртите“ очите неколку пати.

Ново истражување покажа дека 85% од жените се иритираат од постови на дел од своите Facebook пријатели.

Но, што точно ги нервира жените? 63% изјавиле дека се иритираат што некои пријатели постојано се жалат, на 42% им е преку глава од пријатели кои ги споделуваат своите политички ставови, на 32% им одат на нерви пријатели кои се фалат за нивните навидум совршени животи.

Фејсбук

Учесничките во истражувањето исто така требало да проценат со какви личности се пријатели на Facebook. Еве ги резултатите:

  • 65% се пријатели со „документарецот“ – личност која постојано ве известува што ѝ се случува во животот.
  • 61% се пријатели со „кралицата на драмата“ – личност која постојано е во криза за нешто.
  • 57% се пријатели со „гордата мајка“ – личност која ве известува за секој чекор на нивното дете.
  • 46% се пријатели со „лајкерот“ – личност која лајкува сè живо и диво.
  • 40% се пријатели со „позерот“ – личност која го претставува својот живот како совршен.
  • 40% се пријатели со „кликтивистот“ – личност која се зачленува во Фејбук групи кои поддржуваат одредена хуманитарна акција, кауза, идеја или ја зголемуваат свеста на јавноста за постоењето на некој проблем.
  • 30% се пријатели со „секогаш подобриот“ – што и да стигне до нејзиниот News Feed, оваа личност секогаш има поинтересна и поневеројатна приказна или подобар повод за фалење. Нејзините коментари обично започнуваат со: „Ех, тоа не е ништо. Мене ми се случи...“
  • 26% се пријатели со „ретуширачот“ – личност која ги ретушира сите свои слики за да изгледа попривлечна.
  • 25% се пријатели со „демначот“ – личност која ви го следи секој пост и секоја активност на Facebook.
  • 25% се пријатели со „(не)пријателот“ – личност која истовремено ви е и пријател и непријател или непријател под прикритие.
Фејсбук

И покрај тоа што понекогаш се нервираат поради постовите на пријателите, жените го ценат Facebook, најмногу затоа што можат да им ги гледаат сликите и видеата на пријателите (91%) и затоа што им помага да се поврзат со старите пријатели (76%).

Tags
Facebook

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.