• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Среќен роденден, тато“: Ќерката на Ѓорги Колозов со објава на денот на неговиот роденден

26 февруари 2025, 11:51
  • cподели

На денешен ден, пред 77 години се роди Ѓорги Колозов – еден од најдобрите актери во нашата земја.

Колозов беше познат по „Македонските народни приказни“ и редовно влегуваше во улоги како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Тој беше вработен во Македонскиот народен театар, каде има учествувано во голем број претстави, меѓу кои и „Чорбаџи Теодос“, „Вујко Вања“, „Макавејските празници" и „Македонска крвава свадба".

Легендрниот македонски глумец почина на 13 октомври 2003 година, на 55-годишна возраст.

Со својата сопруга Шенка има две деца, Катерина и Кристина.

Токму на овој ден, Катерина со емоции се сеќаваше на својот татко и напиша порака на Facebook.

„Сите го памтат по приказните, но тој има одиграно стотици претстави во Македонскиот народен театар и во други театри. Некој на Википедија успеал да собере пристојна листа на претстави, и му благодарам за тоа (иако е далеку од потполна). Среќен роденен, тато, 26 февруари, убав датум...“ – напиша таа и сподели линк до страницата за Колозов на Википедија.

Ѓорги Колозов Ѓорги Колозов

Колозов е познат по својот талент, а има настапувано на сцените на најголемите македонски театри. Освен што е успешен актер, тој има значителен придонес и во македонската културна сцена. Колозов се истакна и со своите комични улоги, но и со драмските изведби, што го направи еден од најценетите актери во земјата.

Во текот на својата кариера, тој освоил бројни награди и признанија, кои го потврдуваат неговиот голем талент и посветеност на актерската уметност.

Најнови

  • „Не задоволувај се со просечноста“: Перо Антиќ со мотивирачка порака за синот Лука на матурата

    Tue, 06/09/2026 - 10:01
  • Славни гости, розови декорации... Марк Антони и Надја Фереира направија гламурозна забава пред раѓањето на ќеркичката

    Tue, 06/09/2026 - 09:36
  • Кети Пери и Џастин Трудо заљубени на првото заедничко појавување на црвениот тепих

    Tue, 06/09/2026 - 09:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.