Среќен крај на приказната со осаменото мајмунче Панч кое се утешуваше со плишена играчка
Мало мајмунче деновиве стана вирален хит и го освои светот со тажната приказна со среќен крај, која ни покажа дека потребата за љубов е универзална за сите живи суштества.
Неодоливиот Панч се роди на 26 јули 2025 година во зоолошка градина во Јапонија, но веднаш по раѓањето, беше отфрлен од својата мајка. Бидејќи бебињата мајмуни инстинктивно се држат цврсто за мајката уште од првиот ден, неговото одбивање беше сериозен предизвик. Негувателите морале рачно да го хранат и да се грижат за него, внимателно следејќи го неговиот развој.
За да му помогнат полесно да ја надмине анксиозноста и осаменоста, вработените му понудиле ќебиња и плишани играчки. Панч веднаш се „заљубил“ во едно плишано орангутанче и оттогаш речиси не се одвојува од него.
Тој го гушка орангутанчето додека спие, го носи со себе додека се движи низ кафезот, па дури и го користи како „заштитен штит“ кога другите мајмуни го напаѓаат и малтретираат.
Видеата на кои го прегрнува играчето станаа вирален хит на социјалните мрежи и растопија и скршија милиони срца.
Панч не бил веднаш прифатен од останатите возрасни мајмуни кои го оттурнувале и напаѓале, а едно видео дури покажа како еден од нив го влече по подот, што предизвика загриженост кај јавноста.
Од зоолошката објаснија дека таквото однесување е дел од природната хиерархија и дисциплина во групата и дека Панч покажува изненадувачка издржливост и ментална сила. Наместо сожалување, побараа поддршка за неговите напори да стане дел од заедницата.
По неколку недели неизвесност, дојде и убавата вест. Панч конечно пронашол свој заштитник. На новите снимки се гледа како тој го прегрнува, го држи блиску до себе и му помага да се качува по карпите во живеалиштето. Двајцата се речиси неразделни, а Панч конечно изгледа посигурен и посмирен.
2/22(日)のサル山の様子
飼育員「皆さんのマナーのおかげで、静かな感じで特にケンカ等はありませんでした。パンチは17頃、2頭のサルに念入りに毛づくろいされるなど、群れに着実になじんできています」#市川市動植物園#がんばれパンチ pic.twitter.com/EyjV0rpvPv— 市川市動植物園(公式) (@ichikawa_zoo) February 22, 2026
the way he got scared nooooooooo 😭 pic.twitter.com/kp6OwmERXL
— 🧃 (@smolcheesefries) February 22, 2026
Приказната доби и пресврт кога шведскиот бренд IKEA донираше повеќе плишани играчки во зоолошката, а приказната за Панч се прошири глобално.