• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Среќата се движи по „U“ линија

18 април 2011, 12:18
  • cподели

Среќата во животот на луѓето се движи по „U“ линија, велат научниците од Универзитетот Маастрихт. Тоа значи дека младите луѓе до 25 години и повозрасните луѓе над 65 години се најсреќни, а средовечните луѓе се најнесреќни.

Линијата на среќатаСреќата во животот на луѓето се движи по „U“ линија

Причината за тоа е што младите до 25-тата година се чувствуваат безгрижни и полни со надеж за добра иднина, оние над 50-тата година веќе немаат толку многу обврски и предизвици во животот, но луѓето кои се на средна возраст имаат безброј обврски и се активни во сите сфери на животот (кариера, грижа за семејството и сл.).

Кога луѓето се на 45-годишна возраст, нивната несреќа се израмнува со несреќата која би ја чувствувале ако ја изгубат работата или ако изгубат член на семејството.

„И 25-годишните и 65-годишните ќе се согласат дека е поубаво да имаш 25 отколку 65 години. Но, 65-годишните и покрај сè се позадоволни, затоа што научиле да се задоволни со она што го имаат“ – изјавил Берт ван Ландегем, којшто го предводел истражувањето.

Неодамна истражување на Американската национална академија за наука во кое учествувале 341 000 луѓе покажало дека нивото на среќата започнува да се зголемува во доцните 40-ти години и не започнува да се намалува до 85-годишна возраст.

Tags
среќа

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.