Сред базен, со торта и чад во боја... Блогерката Јована Трајковска со саканиот го открија полот на нероденото бебенце
Јована Трајковска и нејзиниот сопруг Петар Секуловски го открија полот на нивното прво бебенце со видео направено во ресторан во Битола.
Македонската блогерка и сопственичка на „The house of heaven“ ја сподели убавата вест сред базен, во нежна атмосфера збогатена со балони во бели, сини и розови тонови. Тие открија дека очекуваат момче.
„Нашето најслатко изненадување… 🤍
Момче или девојче? 👶🏻✨
Чекањето конечно заврши.
Едвај чекаме да те запознаеме, наше малечко 🩵“ – напишаа тие.
Во јули, Јована и Петар ја објавија веста дека наскоро ќе станат родители.
„Тајната која ја криевме... 🤍 Секое клоцање, секоја насмевка и секој сон нè водеа до овој момент. Наскоро нашето мало чудо ќе биде во нашите прегратки, а веќе знаеме дека животот никогаш нема да биде ист“ – напиша тогаш Јована.
Јована и Петар се венчаа на 7 септември 2025 година во Скопје.