„Тајната која ја криевме“: Блогерката Јована Трајковска е бремена, со слатка фотосесија сподели дека го очекува првото дете
Јована Трајковска и нејзиниот сопруг Петар Секуловски наскоро ќе станат родители.
Македонската блогерка и сопственичка на „The house of heaven“ со слатка фотосесија откри дека го очекуваат своето прво дете. Фотографиите се дело на Никола Коцев.
„Тајната која ја криевме... 🤍 Секое клоцање, секоја насмевка и секој сон нè водеа до овој момент. Наскоро нашето мало чудо ќе биде во нашите прегратки, а веќе знаеме дека животот никогаш нема да биде ист“ – напиша Јована во албумот за кој позираа со фотографиите од ултразвукот.
Јована и Петар се венчаа на 7 септември 2025 година во Скопје, а помалку од една година подоцна, ја споделија најубавата вест дека наскоро ќе добијат принова.