• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Срцето ми е полно“: Божидар ја доби најтешката битка и си замина дома кај семејството

20 април 2026, 09:24
  • cподели

Уште едно дете ја доби најтешката битка над болеста и си замина дома.

Божидар смело удри во гонгот за да го означи крајот на неговото болничко поглавје и започнувањето ново, многу поубаво, покрај семејството.

Убавата вест ја сподели Валентина, мајката на детето со кое Божидар ја делел болничката соба. Таа објави фотографии со неговата мајка Росана и напиша:

Со среќа Божидар ❤️🙏🏻

Денес срцето ми е полно… затоа што едно дете ја победи најтешката битка.

Нашите деца не беа само болнички другари – тие делеа иста соба, исти денови, и убави и тешки моменти. Заедно се смееја кога имаа сила, и тивко се разбираа кога беше најтешко.

А ние, како мајки, стоевме една покрај друга… се тешевме, си дававме надеж, си бевме потпора кога зборовите не беа доволни.

Денес, таа борба заврши со победа. Денес едно храбро дете го заврши лекувањето и покажа што значи вистинска сила.

Горди сме на тебе Боко, херој наш 🤍

Нека од денес ти почне еден нов, убав и безгрижен живот.

Најнови

  • Роман ја започна приказната, сега таа е за сите деца: Отворен клуб во Струга за болни и дечиња со попреченост

    Thu, 08/20/2026 - 00:50
  • Наташа Малинкова со сопругот и ќерките Султана и Емилија на одмор во Грција

    Wed, 08/19/2026 - 22:09
  • „Генерациско дуо, добро вино, квалитетна берба 63-та“: Дарио Панковски позираше со врсникот Игор Џамбазов и се пошегува

    Wed, 08/19/2026 - 14:56
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.