Срце на трудничкото стомаче, прегратка на зајдисонце: Саша Ковачевиќ на летен одмор со Зорана и ќерка ѝ
По успешните концерти во Македонија и регионов, Саша Ковачевиќ замина на заслужен летен одмор.
Популарниот пејач ужива во релаксираните моменти со сопругата Зорана и нејзината ќерка Искра во луксузен ресорт со прекрасна плажа.
Саша сподели фотографии од сончевите денови на одмор, а најубавиот момент дефинитивно е кога го покажува пораснатото трудничко стомаче на Зорана на кое со крем за сончање е нацртано срце.
На дел од фотографиите српскиот музичар се прегрнува на зајдисонце со Искра, за која неколку пати има изјавено дека ја сака како свое дете, ги покажува нејзините преубави зелени очи и заедно се забавуваат во базен.
Ковачевиќ сподели и смешен момент кога ѝ носеше овошје на бремената сопруга, но додека да стигне до неа, лубеницата му падна.
Славниот изведувач доби лавина комплименти за тонираното тело.
Талентираниот пејач неодамна го прослави својот 41. роденден на настап во Битола и ја откри неговата роденденска желба:
„Не знам дали знаете, но за два-три месеци ќе станам татко. Ќе посакам само моето мало бебе да биде здраво, живо и среќно.“
Саша и Зорана летово ја крунисаа својата десетгодишна љубов со брак, а наскоро ќе добијат синче.