• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

„Спремни за следното ниво“ – Imlek Impact Warm Up ја загреа атмосферата пред јубилејното издание на Охрид ТрчаТ

8 јуни 2026, 15:53
  • cподели
Imlek

Во духот на мотото „Спремни за следното ниво“, љубителите на спортот, рекреацијата и активниот животен стил беа дел од второто издание на Imlek Impact Warm Up, кое се одржа на Кеј Македонија во Охрид како увертира за јубилејното 10-то издание на Охрид ТрчаТ Викенд каде учествуваа рекордни 2.700 учесници. 

Исполнет со енергија, движење и позитивна атмосфера, настанот уште еднаш потврди дека спортот има моќ да обединува, инспирира и мотивира. Учесниците имаа можност да се подготват за претстојните трки преку динамична фитнес програма предводена од искусни инструктори, кои го претворија кејот во вистинска зона на движење и добра енергија.

Програмата вклучи тренинзи Fire Up – ATG Body Activation со Никола Бошале од Fit Box Охрид, Move, Tone, Enjoy со Кате Бујароска Анѓелеска од Kate's Aerobic Ohrid, Body Combat vs. Zumba со Ристе Јанкоски од ИБ Спорт Центар и RECOVER AND RELAX – TOTAL BODY COOLDOWN со Емилија Колоска од Move & Flow. Преку различни активности и предизвици, присутните ги тестираа своите способности, се забавуваа и освоија вредни награди.

Како дел од искуството, посетителите имаа можност да уживаат и во Imlek Impact протеинските шејкови со 30 грама протеини, создадени за сите кои практикуваат активен животен стил и сакаат квалитетна поддршка по физичка активност.

Посебен белег на настанот даде и зоната за освежување, каде посетителите уживаа во коктели подготвени од Imlek Impact протеинските шејкови, додека дружењето покрај Охридското Езеро продолжи и после фитнес програмата, во одлична атмосфера.

Спортскиот викенд продолжи и на денот на трката, кога Imlek Impact беше присутен со Impact Photo Booth, овозможувајќи им на учесниците да ги овековечат своите најубави моменти и спортски достигнувања.

Преку Imlek Impact Warm Up, брендот уште еднаш ја потврди својата посветеност кон промовирањето на активниот животен стил, спортот и здравите навики, придонесувајќи за уште едно успешно издание на Охрид ТрчаТ и создавајќи позитивен IMPACT во заедницата.

 

Imlek Impact Warm Up
Imlek Impact Warm Up
Imlek Impact Warm Up
Imlek Impact Warm Up
Imlek Impact Warm Up
Imlek Impact Warm Upv
Imlek Impact Warm Up
Imlek Impact Warm Up
Imlek Impact Warm Up
Tags
Imlek

Најнови

  • Imlek

    „Спремни за следното ниво“ – Imlek Impact Warm Up ја загреа атмосферата пред јубилејното издание на Охрид ТрчаТ

    Mon, 06/08/2026 - 15:53
  • Електрични тротинети Xiaomi

    Слободата на движење започнува овде: серијата Xiaomi Scooter 6 носи нова димензија на градското возење

    Mon, 06/08/2026 - 14:27
  • Земјотрес на Филипини

    Паника, деца во солзи, рушење на згради... застрашувачки видеа од разорниот земјотрес на Филипини кој одзеде најмалку 32 животи

    Mon, 06/08/2026 - 13:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.