• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Шпаркасе Банка со донација на противпожарно возило за општина Ресен

16 февруари 2023, 15:02
  • cподели

Шпаркасе Банка АД Скопје, преку својата матична банка Штаермеркише Шпаркасе од Австрија, а во соработка со Македонската амбасада во Австрија, ѝ донираше противпожарно возило на Општина Ресен и на тој начин даде значаен придонес кон унапредување на возниот парк за специфични ситуации од големо значење за Преспанскиот регион.

За набавка на половното противпожарно возило за Општина Ресен како директна поддршка од Општината Св. Стефан од Грац, Австрија, во соработка со амбасадата на РСМ, Шпаркасе Банка издвои 15.000 евра (со сите вклучени даноци) и на тој начин овој регион се стекна со уште едно возило од јавен интерес за Ресен и околината.

Шпаркасе Банка АД Скопје донација

„Би сакал да изразам голема благодарност до Шпаркасе Банка, од мое лично име, од името на граѓаните на Општина Ресен, како и од вработените во Територијалната противпожарна единица на општината, за добиената донација на половното противпожарно возило, за кое издвои 15.000 евра, до Македонската амбасада во Република Австрија, господинот Освит Росоклија и вработените во амбасадата, како и голема благодарност за укажаната директна поддршка од Општина Св. Стефан – Грацод Република Австрија, кои овозможија корисен придонес, со кој Општина Ресен доби можност за користење уште едно возило од јавен интерес со сите перформанси и можности за брза интервенција на Територијалната противпожарна единица. Општина Ресен и во иднина ќе продолжи преку реализација на различни проекти, донации и активности од областа на општествената одговорност, приспособени на потребите на опкружувањето, безрезервно и континуирано да се залага за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која живееме и работиме. Се надевам на понатамошна успешна соработка со Шпаркасе Банка како и со Амбасадата на Македонија во Австрија и со општините во Република Австрија“, изјави Јован Тозиевски, градоначалник на Општина Ресен.

Шпаркасе Банка АД Скопје донација

„Во рамките на платформата 'Sparkasse Life', Шпаркасе Банка континуирано ја надоградува својата стратегија за корпоративна општествена одговорност со нови проекти. Предводени од нашиот корпоративен слоган – 'Верувај во иднината', преку оваа донација ја искажуваме нашата цврста заложба за поддршка и развој на локалните заедници, како и за подобрување на условите за живот на сите во општеството“, изјавија претставници од Шпаркасе Банка.

Шпаркасе Банка АД Скопје донација

Шпаркасе Банка продолжува да дејствува во интерес на своите клиенти, но и на пошироката околина, детектирајќи области во кои може да овозможи поддршка во каква било форма. Само со заемна помош, верувајќи во подобра иднина, можеме да постигнеме подобри резултати и да ги подобриме условите за живот на граѓаните на државата.

Комерцијален текст

Tags
Шпаркасе Банка

Најнови

  • Принцезата Кетрин на 44-тиот роденден порача дека е благодарна и откри што значи да е жива по борбата со ракот

    Fri, 01/09/2026 - 12:08
  • Зимска радост во Унгарија: Поларни мечиња за првпат гледаат вистински снег и бескрајно му се радуваат

    Fri, 01/09/2026 - 11:10
  • Врв на скандалот: Бруклин Бекам побарал од родителите Дејвид и Викторија да контактираат со него само преку неговите адвокати

    Fri, 01/09/2026 - 10:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.