• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Шпаркасе Банка го воведува Unit Linked во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје

11 јули 2022, 16:35
  • cподели

Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WFP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање.

Unit Linked е производ наменет за клиенти кои сакаат да бидат животно осигурани, но истовремено и да инвестираат во инвестициски фондови и да остварат принос на вложените средства.

За целото времетраење на договорот, клиентот има животно осигурување на договорената сума која клиентот сам ја избира, а по истекот на договорот, се исплаќа вредноста на инвестициското портфолио.

Шпаркасе Банка

„Користејќи ги придобивките од експертизата на Шпаркасе Банка во банкарското осигурување, акумулираното знаење на осигурителна компанија Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје и високоприносната стратегија на WVP инвестицискиот фонд, ја креиравме атрактивната Unit Linked понуда за нашите клиенти. На клиентите им нудиме уникатна можност да бидат осигурени, а во исто време да инвестираат на меѓународна берза и да остварат атрактивен принос преку професионално управување со средствата од страна на инвестицискиот фонд WFP. Истовремено клиентите имаат и можност да станат индиректни акционери во странски познати компании како што се Apple, BMW, Daimler, Nestle, L’Oreal, Amazon и други. Шпаркасе банка континуирано работи на креирање на атрактивни понуди од областа на банкоосигурувањето и следење на сите најнови трендови во оваа област“, изјави Санел Кустурица, Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

„Навистина сме горди што Винер Лајф во соработка со ВФП Фонд Менаџмент го пласираше производот Лајф Инвест (Unit Linked) со што стана прва компанија во Македонија која понуди Unit Linked производ за осигурување на живот. Среќни сме што Шпаркасе одлучи токму овој производ да го понуди на своите клиенти пред се како средство за осигурување од несакани ризици но исто така и како алтернативен начин на инвестирање. Unit Linked осигурителните производи каде што спаѓа и Лиајф Инвест се производи кој имаат најголем пораст во продажбата во последните 5 години. Нудат можност за инвестирање во портфолио сочинето од странски компании со висок рејтинг а во исто време поркиваат и ризик од смртен настан како и покритие од дополнителни ризици кои клиентот може да ги вклучи во зависност од неговите желби и потреби. Наша цел е заедно со Шпаркасе Банка на македонските граѓани да им понудиме производ со исти квалитети како и во развиените европски земји, притоа задржувајки ја целосната транспарентност кон клиентите”, изјави Дарко Дедиќ, Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје.

Клиентите, согласно своите можности и потреби, го избираат износот на осигурената сума, како и висината на инвестициската компонента. Притоа, клиентите добиваат годишен извештај за состојбата на нивните вложувања во инвестицискиот фонд, како и можност за постојан увид (преку веб страната на Винер Лајф https://winnerlife.mk/mojasmetka/login.php) во нивното инвестициско портфолио.

Unit Linked животното осигурување е достапно за сите клиенти на возраст од 14 до 65 години, плаќањето може да биде годишно и месечно, при што минималниот период на осигурувања со вложување на удели во инвестициски фондови изнесува 10 години, а минималната годишна премија изнесува 300 ЕУР во денарска противредност.

Подетални информации за Unit Linked - животно осигурување со ивестициска компонента како и за инвестициските фондови може да се најдат на веб страните https://winnerlife.mk/proizvodi/life-invest/ и wvpfondovi.mk/mk/wvp-premium-invest/

Комерцијален текст

Tags
Шпаркасе Банка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.