• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Современите сфаќања на мажите и жените за изгледот и убавината

4 март 2011, 13:56
  • cподели

Американското списание Allure направи истражување за тоа како денес мажите и жените гледаат на надворешниот изглед и женската убавина.

Убава женаМажите сметаат дека жените се најубави на 28 години

Во истражувањето учествувале 2000 мажи и жени, а еве ги интересните заклучоци:

Жените ги сметаат облините за привлечни, но не сакаат да имаат тело со облини

73% од жените сметаат дека жените со облини денес се сметаат за попривлечни отколку пред 10 години. Но, кога биле запрашани дали би сакале да си ја променат големината на колковите, 85% од жените изјавиле дека сакаат потесни колкови.

Жените се под огромен притисок да изгледаат помлади

93% од жените изјавиле дека притисокот да изгледаат помлади денес е поголем од било кога.

Жените се најубави на 28 години, велат мажите

Мажите изјавиле дека жените се најубави на 28-годишна возраст. Во слично истражување направено повторно од Allure во 1991г., мажите изјавиле дека жените се најубави во 31-та година од животот. И минатата година други истражувања се согласија со резултатите од анкетата на Allure од пред 10 години.

И мажите и жените најмногу сакаат да го променат изгледот на стомакот

35% од мажите и жените изјавиле дека ако има еден дел од телото што би можеле да го променат, тоа би бил нивниот стомак.

И мажите се загрижуваат за својата тежина

Дури 86% од мажите изјавиле дека сакаат да тежат помалку, а тоа било желба и на 97% од жените.

Мажите сакаат да имаат поголеми задници

22% од мажите, а само 11% од жените изјавиле дека ако можат да го променат изгледот на нивниот задник, би сакале да им биде поголем.

Сè уште владеат стереотипи поврзани со бојата на косата

Кога било побарано од учесниците да изберат придавки со кои најдобро би ги опишале жените со руса и жените со темна коса, тие ги опишале и едните и другите како убави, секси и со класа. Но, бринетите биле опишувани уште и со зборовите интелигентни и доверливи, а русокосите биле опишани како самоуверени и развратни.

И мажите и жените ја обожаваат Анџелина Џоли

12% од жените и 9% од мажите се согласиле дека Анџелина Џоли е славната личност која е најблиску до идеален физички изглед.

Што ги привлекува сексуално мажите, а што жените?

Кога станува збор за сексуалната привлечност, за жените најважно е прво лицето, па типот на телото, па насмевката, очите и на крајот висината. А за мажите, на прво место е женското лице, а потоа типот на телото, градите, насмевката и задникот.

Tags
мажи-жени

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.