• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Сопругата на Андреј од ДНК сподели фотографија со него и ќерката Јана за 11-годишнината од нивниот брак

2 октомври 2026, 08:40
  • cподели

По смртта на Андреј од ДНК, неговата сопруга Наталија Ѓорѓиеска секојдневно се соочува со голема празнина и неизмерна тага.

На Instagram, таа сподели заедничка фотографија со Андреј и нивната ќерка Јана. Фотографијата доловува еден од нивните среќни семејни моменти, а насмевките на нивните лица кажуваат сè. Овој месец, тие ќе прославуваа 11 години брачен живот.

Трагичната смрт на Андреј се случи на 16 март 2025 година, по избувнувањето на пожарот во дискотеката „Пулс“ во која настапуваше со Панчо и останатите членови на ДНК.

Во подкастот на Ландов „Претрес“, Наталија зборуваше за тешките моменти по дознавањето на ужасната вест. 

„За трагедијата дознавам од сестра ми во присуство на мојата ќерка и мојата внука во тој момент. 

И мојот вресок во тој момент, тој траор, таа траума вечно ќе ја носи мојата ќерка.

Затоа што јас во тој момент не можев ниту да се исконтролирам, не знаев што се случува, ни на крај памет дека избувнал пожар баш во таа дискотека додека тие имале настап.

Ќерка ми знаеше дека нешто се случува. Бидејќи меѓу нас никогаш немало тајни, уште дента јас ѝ соопштив на мојата ќерка дека нејзиниот татко е некаде далеку на небото.

Таа не го прифаќа ова. Имаше период кога буквално беше 24 часа затворена во соба, воопшто не комуницираше со никој, не ја интересираше ништо. Кога и да влезев во соба, немаше одговор, не јадеше... Таа болка е преголема, бидејќи Андреја пред сè на двете ни беше прво најдобар другар, после сопруг и после татко.

Не можам со зборови да ви ја опишам таа врска што ја имаа Андреја и Јана... Дури ни јас. како мајка, не можам да го заменам. Беа деноноќно заедно, имаа врска којашто е многу ретка. Разговараа на многу теми, ѝ даде многу добра основа да препознае што е добро, што е лошо. По многу работи ќе го памти, а јас ќе се потрудам тие сеќавања, никогаш да не избледат“ - рече Наталија.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Natalija Gjorgjieska (@natalija.gjorgjieska)

Tags
Наталија Ѓорѓиеска

Најнови

  • Сопругата на Андреј од ДНК сподели фотографија со него и ќерката Јана за 11-годишнината од нивниот брак

    Fri, 10/02/2026 - 08:40
  • Лазаров

    „Марта, ти благодарам за најубавиот подарок “: Стефан Лазаров и Марта станаа родители и споделија прва фотографија од бебето

    Thu, 10/01/2026 - 20:17
  • Gyro House Bitola

    Gyro House пристигна во Битола – Ланецот расте, четврт ресторан во Македонија и тоа во срцето на Битола

    Thu, 10/01/2026 - 15:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.