• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Шопинг без притисок: повеќе од 7.000 производи имаат секогаш поволни цени во dm и во новата година!

14 јануари 2026, 12:54
  • cподели
Секогаш поволно

Се брзате од работа, трчате низ маркет, знаете што треба да купите или, пак, го здогледувате омилениот производ – ама некако ви е скап... Па си велите: „Ќе почекам намалување...“, и на крајот, или го заборавате и не го купувате, или, пак, го купувате со стиснати заби... а и стиснат паричник... Купувањето понекогаш знае да биде вистински стрес: редици, скриени акции и прашања од типот „Дали ова е навистина најдобрата цена?“...

Во dm нема „чекај малку, наскоро ќе има попуст“ – нема потреба од чекање за да стигне некој период за поволни цени. Со ценовниот концепт СЕКОГАШ ПОВОЛНО – цените се стабилни, транспарентни и секогаш пријателски настроени – и што е најважно, цените нема да се зголемат најмалку четири месеци, од датумот на воведување на цената, а и многу подолго! Она што е поволно денес, поволно е и утре. И задутре. Секогаш поволните цени важат секој ден во неделата. Купувањето во dm е секогаш лесно, без стрес и со вистинска вредност за вашите пари. Тука ве чека повеќе квалитет за секојдневието, поголем избор за различни стилови и повеќе мали радости – и за дома, и за работа, и за моментите само за вас.

Висок квалитет по одлични цени

dm марка производите се симбол на германски квалитет по секогаш поволни цени. Тие се создадени за да ви го олеснат секојдневието и да ви понудат сигурност во секој избор што го правите. Со средствата за чистење Denkmit, вашиот дом секогаш ќе блеска, лесно и ефикасно, без да потрошите премногу. За моментите кога сакате природна нега, тука е alverde – природна козметика што им дава свежина и здрав изглед на вашите кожа и коса. А за секојдневна грижа, Balea ви носи широка палета на креми, шампони и купки, кои комбинираат квалитет со пристапна цена, за да си дозволите соодветна нега и малку повеќе уживање секој ден. И не само тоа – со dmBio секогаш може да приготвите вкусен и здрав оброк за целото семејство. Со квалитетни состојки од органско потекло, готвењето станува брзо, лесно и без грижа за буџетот.

Во dm не треба да чекате на намалувања или да правите компромиси, ниту, пак, да правите залихи на производи што во тој момент можеби нема да ви бидат потребни. Секогаш добивате производи што вредат повеќе – затоа што шопингот треба да биде задоволство, а не обврска. Купувате кога сакате, а не кога ви кажува календарот. Во dm продавниците добивате повеќе од производ – добивате мирна глава, чиста совест и насмевка плус за целиот ден!

Најнови

  • Онлајн обука на dm и Матрона

    Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона за безбедна и здрава дохрана за бебињата

    Tue, 03/03/2026 - 17:10
  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.