Софија и Јаков Спасов уживаа на одмор со двете ќеркички Гаиа и Зои и пријатели.
Македонскиот актер, кој е син на Драган Спасов-Дац, го прослави својот 36-ти роденден за време на патувањето и дувна свеќички на роденденската торта.
Тој и неговата сопруга споделија фотографии исполнети со смеа, радост и љубов.
Во интервју за Фемина, Софија неодамна зборуваше за мајчинството и за предизвиците со кои се соочува секоја нова мајка.
Искрено, како и секоја жена што станува мајка за првпат, и јас на почетокот бев од памет извадена. Се изгубив во правила, совети, стандарди и туѓи искуства, до точка кога повеќе не знаев што навистина чувствувам јас и што му треба на моето дете.
Еден ден само си реков: „доста е“. Почнав да се слушам себеси и моето дете. Сфатив дека секоја мајка, секое дете и секое семејство се уникатни и дека не постои едно универзално правило како е да си совршен родител.
Искрено, на некој начин ми е полесно со две деца отколку што ми беше со едно. Можеби звучи чудно, но со доаѓањето на второто дете, многу работи ми станаа појасни и полесни. Со две деца си ги намалив очекувањата на нула – хаха – и тоа ми донесе огромно олеснување.
Ја тргнав илузијата дека нешто мора: дека мора секогаш да има зготвен ручек, дека мора дома да биде совршено средено, дека мора да се стигне насекаде и дека јас морам сè да постигнам. Кога го тргнав тој притисок, мајчинството стана многу пореално и многу поподносливо.