• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Со верба во Бог сум чист 5 години“: Синот на Тони Михајловски се отвори за борбата со зависностите

21 октомври 2025, 19:22
  • cподели

Александар Михајловски се отвори за борбата со зависностите, за откажувањето од алкохолот и дрогата, како и за вербата во Бог и дисциплината со кои постигнал сè.

35-годишниот актер, кој му е син на Тони Михалјовски, искрено зборуваше за пороците, сакајќи на младите да им пренесе важна порака. Во интервјуто, Стефан Лазаров го праша Александар дали консумирал алкохол и наркотици, а тој рече: „Да бе да, сум го живеел тој живот јако“.

Александар Михајловски

Целта на ова искрено признание на Александар е младите да го слушнат неговото искуство, за да не ги повторат неговите грешки.

„Ова го зборувам за да кажам дека е лош пример. Ова не го кажувам како нешто со коешто се гордеам“ – рече тој и сподели дека поради сето ова страдало неговото ментално здравје.

Менталното здравје ми беше на најниско ниво во еден период. Ја имав забаталено мојата кариера, побитно ми беше да заглавам до 5 саат сабајле со тањирот и со пиење... и сабајле да станам и да бидам тотално непрофесионален. Сум сакал погрешни луѓе да импресионира. Сум имал сериозни ноќи непроспиени...

Стигнав до фаза каде што тоа ми било најбитно. Сум се будел и од сабајле рано наутро до вечер и ништо не ми било свето.

Сакав да направам канал со моето одвикнување од работи за да им помогнам на луѓето да сфатат како да се откачат од тоа...

Дисциплината е спасот, алкохолот и дрогите се живо сра*ње. Мангуп не си ако можеш да средиш 2 грама, да испиеш вечерта литро виски и да се степаш. Тоа ме донело до тепачки, ме донело до тоа да ме избодат со нож. Да, такви некои филмови уличарски. Да не си ги цениш твоите, да мислиш дека сите се против тебе, а сите сакале да ти помогнат. Не си во реалноста. Тоа ми било светиња.

Александар Михајловски

Александар признава дека бил зависник, но за среќа, со многу дисциплина и верба во Бог успеал да се извлече од канџите на пороците.

„Да бе да, не можев да се замислам без да дувам, без да пијам, без да консумирам наркотици... Јас сам се излечив со спорт... Почнав да трчам, 4-5 години не пијам алкохол, не користам никакви наркотични супстанции, 2 години не дувам.“

„Сакам младите да сфатат една работа – дека тоа е погрешно! Сфатете дека треба да вежбате, да бидете ѕверови, да имаш дисциплина. Да, излези во град, но забавувај се, уживај.“

„За сите што гледате, а сте имале проблеми со ваква работа: Спортот е единственото решение... А најбитно за да се откажеш е верба во Бога“ – вели тој.

Најнови

  • Емакуате Вандера Блажески

    „Во Кенија се слави Божиќ со заеднички собири на многу сонце, во Македонија е поинтимен и семеен“: Празнично со Ем Вандера Блажески

    Wed, 01/07/2026 - 17:22
  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.