• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Со пробиотици до здраво и трајно губење тежина

17 февруари 2016, 18:00
  • cподели

Сите го знаеме широкиот спектар на делување на пробиотиците. Почнувајќи од воспоставување рамнотежа на целокупниот метаболизам, надополнување на терапијата при земање антибиотици (кои патем ја нарушуваат нормалната цревна флора), регулирање на проблемите со дијарeата и констипацијата, пропратната терапија за борба против вирусните инфекции, подобриот имунитет до справување со стресот итн. Но, малкумина знаат дека користењето пробиотици делува на здравото и трајно губење на тежината кај човекот.

Одредени научни експерти велат дека пробиотичките бактерии имаат голема способност да влијаат на нашите гени. Токму таа теза беше предмет на истражување на група научници кои своите резултати ги објавија во реномираното стручно списание „Biofactors“. Еве и што вели студијата!

Опсервациските студии врз животни и луѓе со зголемена телесна тежина покажале дека дебелината е поврзана со промени во составот и метаболитичката функција на цревната микрофлора и дека квалитативните и квантитативните нарушувања на соодносот на бактерии во цревната микрофлора се суштински дел од креирањето и одржувањето на дебелината. Покрај тоа, овие нарушувања во раното детство (пр. намалени нивоа на Bifidobacterium) може да го зголемат ризикот од развој на дебелина кај возрасниот човек.

Probalans

Во истражувањетo учествувале испитаници со повишена телесна тежина, кои биле поделени во три групи: првата на ниско-калорична диета, втората, исто така, на ниско-калорична диета, но и со внес на пробиотичките бактерии Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium BB12 и Lactobacillus casei. Третата група воопшто не била на диета, туку само внесувала 3 од наведените пробиотици. Истражувањето траело 8 недели. Активноста на гените била анализирана пред и после интервенцијата. Резултатите покажале дека кај испитаниците од втората и третата група, кои внесувале пробиотици, дошло до значитечно намалување на експресијата на генот одговорен за активирање на воспалителните процеси во организмот. Станува збор за T-bet генот задолжен за производство на цитокин (Th1) кој го стимулира воспалувањето во организмот. Денес е општо познато дека прекумерната количина масно ткиво доведува до хронични воспалителни процеси, кои се основа на многу други болести. Колку e поголема количината на масно ткиво, толку е поголем степенот на оштететно ткиво во организмот, како резултат на воспалителниот процес.

Probalans

Сумираните резултати од ова истражување покажале дека пробиотиците, без разлика дали индивидуално или во синергија со редукциска диета, благотворно делуваат на здравјето на личноста со прекумерна телесна тежина.

Секако, да не ја заборавиме и улогата на исхраната која во голема мера влијае на составот на цревната микрофлора, а со тоа директно и индиректно, на здравјето на луѓето. Затоа, промената на навиките во исхраната е од клучно значење во лекувањето и превенцијата на дебелината.

Она што е несомнено е дека клиничката практика денес се поинтензивно се потпира на нутритивни компоненти, како што се пробиотиците како нова тераписка опција за различни болести, вклучувајќи ја и дебелината. Со цел да се оптимизира ефектот на пробиотиците, тие се комбинираат со пребиотици кои се нивна храна, а со цел да стигнат до тенкото црево каде го исполуваат своето полезно дејство, се пакуваат во желудечно отпорни капсули кои го зголемуваат степенот на преживување на добрите бактерии.

Probalans

Во некои комбинации со цел да се потенцира позитивното дејство на пробиотиците во однос на стабилизирањето на метаболизмот, подобрување на варењето и засилување на имунитетот, пробиотиците се комбинираат со витамини од групата Б, Ц или Д, екстракти од камилица, нане и цинк (прочитај повеќе на http://www.probalans.mk).

Д-р Билјана Јованоска

Probalans

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.