• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Снеже Велков во блескав фустан со моќна порака: „Рекоа жена си - биди силна. Одлучив силата да ми е во слабоста“

9 септември 2026, 14:35
  • cподели

На Денот на независноста на Македонија, Снеже Велков блесна во гламурозна креација од Сидор, но покрај нејзиниот стајлинг, голем впечаток остави и нејзината моќна порака.

Познатата водителка проговори за тоа како со годините одлучила да не се вклопува во наметнатите очекувања за тоа каква „треба“ да биде една жена.

Рекоа жена си - биди силна.
Одлучив силата да ми е во слабоста

Рекоа жена си -биди јака
Одлучив јачината да ми биде во нежноста

Рекоа бирај го најдобро за себе
Одбрав лојалност

Рекоа биди гласна 
Одбрав достоинство

Рекоа биди независна
Одлучив да припаѓам

Рекоа Жена си Можеш
Одлучив. Можам.
Ама не морам.

#блескај

Во интервју за Фемина, Снеже изјави дека постојано се стреми да биде најдобрата верзија од себеси.

„Да бидам најдобрата верзија од себе дур сум на овоземскиот свет. Замисли да имаш тело кое реално може да изгледа супер, а ти да си го упропастуваш со прејадување, замисли да можеш да бидеш љубезен, а ти да одбереш да мрчиш, замисли да можеш да создаваш, а тебе да те мрзи да станеш од кауч, замисли да можеш да насмееш некого, а ти да одбереш да го навредиш... Ете тоа ми е мотивацијата - бирам да бидам најдобрата верзија од себе во секоја смисла на зборот, добра за себе и за светот.“

Tags
Снеже Велков

Најнови

  • Ниту религијата, ниту далечината не ги разделија: Љупче од Делчево ја запроси Турчинката Ајлин во лет над глечер на Алјаска

    Thu, 09/10/2026 - 22:20
  • Елена Реи заведува во бикини откако објави дека се повлекува од модниот свет: „Го затворам ова поглавје“

    Thu, 09/10/2026 - 14:46
  • Специјален подарок за Дејвид Гета од Сатја Грабулоски: Јакна со монолитот, македонското знаме и детали од неговата кариера

    Thu, 09/10/2026 - 13:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.