• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Шминката како уметност: Која е тајната на совршениот изглед што трае?

24 март 2025, 14:04
  • cподели

Шминката е повеќе од боја на кожата. Шминката нуди моќ, игра, трансформација. Со еден потег на четката можеме да создадеме храброст, да насликаме самодоверба или да го доловиме најсуптилниот облик на убавина. Но, вистинската магија на шминката не е во нејзината способност да прикрие туку во начинот на кој ја истакнува уникатноста како рефлексија на тоа кои сме и како сакаме да се претставиме пред светот.

Најголемата грешка што многумина ја прават е дека се фокусираат исклучиво на декоративната козметика, заборавајќи дека основата за секој совршен изглед е негуваната кожа. Без добра хидратација и соодветна подготовка, шминката нема да изгледа рамномерно и нема да трае. Затоа, пред нанесување на каков било производ, кожата треба да биде добро исчистена, нахранета со соодветен серум или крем и заштитена со прајмер кој ќе го подобри нејзиниот изглед и ќе ја направи поподготвена за шминкање.

dm

Понекогаш, малите грешки прават голема разлика. Една од најчестите е користењето на пудра што не одговара на тенот, се нанесува тон што ја изразува преголемата разлика во бојата помеѓу лицето и вратот и така се создава неприроден ефект. Прекумерното користење на руменило или неконтролираното контурирање, наместо суптилен изглед, може да резултира со груби линии што го менуваат природниот баланс на лицето.

Друг проблем е погрешниот избор на кармин. Темните моливчиња околу усните создаваат премногу остра граница и несакан ефект. Наместо тоа, најдобро е моливчето да биде во иста нијанса како и карминот.

За шминката да остане свежа во текот на целиот ден, важно е правилното сетирање. Пудрата во прав нанесена со лесна четка ќе спречи создавање на тежок изглед и ќе ја фиксира основата без ефект на „маска“. Покрај тоа, користењето на спреј за фиксирање ќе помогне во задржување на шминката, особено во текот на потоплите денови.

Друг мал трик е избегнување на нанесување пудра под очите, овој дел од лицето е најчувствителен и најчесто има потреба само од коректор што ќе го осветли погледот.

Секоја кожа е различна и има свои карактеристики. Не постои една формула што одговара на сите, но постојат правила што можат да ви помогнат да пронајдете идеална шминка за вас. Правилно избраните производи според типот на кожата, добро избалансираните нијанси и техниките за нанесување ќе направат разлика меѓу обична и професионална шминка.

За оние кои сакаат персонализиран пристап dm има бесплатни советувања со експерти за убавина секој вторник и четврток од 16 до 19 часот во одредени dm дрогерии. Ова е одлична можност да дознаете кои производи најдобро одговараат на вашите потреби и како да создадете изглед што ќе биде истовремено природен, траен и впечатлив.

Токму во овој период од годината, односно до 30 март, со секоја сметка над 899 денари за производи за нега на лице се добива подарок Balea масло за лице, кое помага во подготовката на кожата за совршен и блескав изглед.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.