Случај кој го шокира светот: Го отрула сопругот, па објавила книга за справување со тагата, пред да биде обвинета за негово убиство
Мајка од Јута, која по смртта на сопругот објави детска книга за справување со тагата, е прогласена за виновна за неговото убиство.
Обвинителството докажа дека Кури Ричинс во март 2022 година му дала на сопругот Ерик коктел во кој ставила смртоносна доза од синтетичкиот опиоид фентанил. Тој починал во нивниот семеен дом во близина на Парк Сити.
Мотивот за убиството биле парите. Кури била во огромни долгови од околу 4,5 милиони долари и верувала дека по смртта на сопругот ќе наследи милионско богатство. Таа тајно склучила и неколку полиси за животно осигурување на негово име, без негово знаење.
Само неколку месеци по трагедијата, Ричинс ја објавила книгата „Are You with Me?“, која имала за цел да им помогне на децата да се справат со тагата по загубата на родител. Токму таа книга подоцна била користена како доказ при судењето.
Обвинителството тврдеше дека Ричинс планирала нов живот со друг маж со кого била во врска, но не сакала да се откаже од парите на сопругот.
„Таа сакаше да го остави Ерик, но не сакаше да ги остави неговите пари“ – рекол обвинителот.
Покрај убиството, Кури беше прогласена за виновна и за обид за убиство. Наводно, неколку недели претходно се обидела да го отруе Ерик со сендвич со фентанил на Денот на вљубените, по што тој се онесвестил. Осудена е и за измама и фалсификување.
При истрагата биле пронајдени и интернет пребарувања на нејзиниот телефон како: „Која е смртоносна доза фентанил“, „Луксузни затвори за богати во Америка“ и „Ако некој е отруен, како се наведува причината за смрт“.
Поротата донела одлука за помалку од три часа. Додека се читала пресудата, Ричинс гледала во подот и длабоко дишела.
За тешкото убиство ѝ се заканува казна од 25 години до доживотен затвор. Изрекувањето на пресудата е закажано за 13 мај, денот кога нејзиниот сопруг ќе наполнеше 44 години.
Семејството на жртвата изјави дека конечно добило правда и дека сега ќе се фокусира на сеќавањето на Ерик и поддршката на неговите синови.
@abc2020 Kouri Richins. The grieving Utah wife who wrote a children’s book helping kids deal with loss after her husband died - then found guilty of his murder. Now, breaking this Friday night - her closest friend and a juror speak out exclusively to 20/20. Watch 20/20 'Murder She Wrote: The Kouri Richins Trial' premiere Friday, March 20th at 9/8c on ABC. Stream on Hulu and Disney+. #KouriRichins #Trial #TrueCrime #Verdict ♬ original sound - ABC 20/20