• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Скоро до пола бременост“: Едина Муса покажа како вежба со тегови во 19-тата недела од бременоста

19 септември 2024, 07:36
  • cподели

Едина Муса продолжува со физичката активност и во текот на бременоста.

Македонската кошаркарка сподели видео во коешто покажува како изгледа еден нејзин тренинг со тегови за да ги посочи бенефициите од вежбањето во текот на бременоста.

Таа откри дека сега е во 19-тата недела од бременоста, но дека првите три месеци биле тешки за неа, дека немала енергија и дека немала желба да излезе од дома. Енергијата започнала да ѝ се враќа во 14-тата недела и сега „е вратена скоро до нормала“.

Едина Муса Едина Муса Едина Муса Едина Муса

Еве го нејзиниот пост:

19-та недела

Скоро и до пола бременост…

Тренинзите во оваа недела се значително подобри. Енергијата е вратена скоро до нормала, за разлика од првите 3 месеци каде што спиев кај и да стигнам.

Првите месеци значително го променија темпото на мојот живот, од човек што живее 300 на саат и работи нонстоп, до човек што нема желба буквално да излезе од дома. Јас не бев јас и тоа ми беше многу тешко да го разберам и прифатам, со оглед на тоа што ова е мојата прва бременост, едноставно не знаев што ме чека. Се осетив бескорисно затоа што буквално немав ниту енергија, ниту желба да завршам било каква работа.

Но, спортист како спортист не може баш туку така да крене раце од сè. Вежбањето беше клучниот дел за моето психичко здравје во тој период. Точно е, немав енергија за тренинзите што порано ги правев и не планирав да го форсирам своето тело сега кога највеќе му требаше енергија за уште едно животче кое тек се формира. Целта ми беше да останам физички активна, па макар и правела вежби со сопствена тежина, што обично беше мојата рутина за загревање пред секој тренинг.

Останав доследна до својот збор. Планот беше трипати неделно тренинг проследен со многуууу спиење и нутритивно богата исхрана.

Како што влегов во 14. недела, енергијата како одеднаш да ми се врати. Полека почнав да додавам тегови, ги зголемив повторувањата и се фокусирав на правилната форма од секоја вежба. Како што напредував, така ја зголемував тежината со која тренирам, НО СЕКОГАШ ГО СЛУШАМ СВОЕТО ТЕЛО. Целта не ми е да ја зголемувам својата сила и да кревам брутални килажи како што правев кога не бев бремена, туку да ја одржам својата сила и своето психофизичко здравје.

View this post on Instagram

A post shared by Edina Musa (@edina_musa)

Пред четири дена, Муса со фотографија на која го прегрнува своето пораснато стомаче откри дека го очекува своето прво дете.

Едина Муса

Претходно, таа имаше објавено дека е во врска со Александар Димитровски-Мачка, но не потврди дали тој е партнерот со кого ќе добие бебенце.

Едина Муса

Најнови

  • Златен глобус 2026

    Холивудски гламур: Модата на Златен глобус 2026

    Tue, 01/13/2026 - 19:28
  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“

    Tue, 01/13/2026 - 10:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.