Кога затнатиот нос ќе го наруши уживањето во патувањето, важно е да се реагира навреме. СептаНазал го олеснува дишењето и ви помага полесно да ја пребродите настинката.
Носот има значајна улога во нормалното дишење, чувството за мирис и вкус, како и во одбранбениот механизам на организмот. При појава на настинка или алергиска реакција, носната слузница може да стане отечена и иритирана, што доведува до отежнат проток на воздух и чувство на затнатост.
Променливото време, престојот во затворени простории, климатизацијата и загадениот воздух може да придонесат за појава на акутен вирусен ринитис, алергиски ринитис или воспаление на синусите. Затнатиот нос е чест симптом кај овие состојби и може да влијае врз квалитетот на сонот, концентрацијата и секојдневните активности.
При патување, особено со авион, отечената носна слузница може дополнително да го отежни изедначувањето на притисокот во средното уво, што може да предизвика чувство на непријатност.
Затоа е важно симптомите на затнат нос да се третираат навремено, со препарат кој не само што овозможува брзо олеснување, туку и поддршка на носната слузница.
СептаНазал спреј за нос за возрасни
СептаНазал содржи ксилометазолин, кој придонесува за намалување на отокот на носната слузница и овозможува олеснување на носната конгестија, како и декспантенол – состојка позната по своето смирувачко и регенеративно дејство врз слузницата.
СептаНазал се користи за:
- олеснување на симптоми при акутен вирусен ринитис (настинка),
- олеснување на носната конгестија при алергиски ринитис,
- намалување на отокот на носната слузница при воспаление на синусите,
- поддршка за обновување на иритирана и сува слузница.
Клиничките податоци покажуваат дека уште во првата минута по апликацијата, силната носна блокада се намалува за 28%, а по 9 минути затнатоста може да се намали за 61%, што придонесува за брзо чувство на олеснување.
Благодарение на декспантенолот, СептаНазал обезбедува дополнителна грижа за носната слузница, која често е сува, надразнета и чувствителна за време на настинка или алергиски ринитис.
Спреј формата овозможува лесна и прецизна апликација.
СептаНазал е достапен во аптека без лекарски рецепт. Достапен е во форма за возрасни и форма за деца над 2 години.
Прочитајте повеќе на следниот линк.