• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Сензуално искуство и интензивен вкус: Скопско цреша е новото македонско пиво

29 октомври 2015, 14:06
  • cподели

Љубителите на пивото во Македонија добија уште еден оригинален пивски вкус од сезонски карактер благодарение на Пивара Скопје. СКОПСКО Цреша е најновата екстензија на СКОПСКО, со која Пивара Скопје ја продолжува својата заложба за постојано унапредување и иновации во пивската култура во Македонија.

Новиот член во семејството СКОПСКО, СКОПСКО Цреша е сезонско пиво кое заедно со СКОПСКО светло, СКОПСКО Темно и СКОПСКО Радлер ја сочинуваат најразновидната пивска палета во Македонија.

СКОПСКО Цреша

„Инвестирајќи во развојот на новото пиво СКОПСКО Цреша, уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна стратегија за развој на пивската култура, пивската индустрија и економијата во Македонија. СКОПСКО Цреша има нова димензија која покажува дека пивото не е само пијалак за освежување, туку пијалак кој има посебен ритуал на консумација и нуди можности за уживање во различни пригоди. Имајќи го тоа предвид, за прв пат на Македонскиот пазар го лансиравме СКОПСКО Цреша единственото домашно пиво во таа категорија со една единствена цел: на нашите потрошувачи на иновативен начин секогаш да им нудиме целосно задоволство и нови вкусови“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Витсе Мутерс, додавајќи дека секој нов производ кој излегува од Пивара Скопје е резултат на долгорочен процес во чија успешност се вложени традицијата на правење на најпознатото Македонско пиво СКОПСКО, како и професионалноста, истрајноста и ентузијазмот на вработените во Пивара Скопје.

„СКОПСКО Цреша е високо квалитетно пиво направено од пивските мајстори во Пивара Скопје направено само од природни состојки, содржи арома и сок од цреша и 4% алкохол. Има уникатна производствена технологија во која аромата и сокот од цреша се додаваат во текот на производството на пивото. Карактеристично е по својот слатко-киселкаст вкус на цреша, интензивната незаборавна црвена боја и густата пена”, вели Кирчо Стојанов, менаџер за оперативно производство на пиво во Пивара Скопје.

При комбинација на пиво и храна препорака е тие да се надополнуваат или да се спротивни. Тоа значи дека може да се избере пиво со сличен профил како храната како на пример слатко пиво со слатка храна, или пак да се изберат спротивставени вкусови кои се подобруваат и нагласуваат меѓусебно со што се добива динамично искуство за вкусот. Затоа СКОПСКО цреша е одлично како зимски аперитив во комбинација со колачи и чоколада како надополнување на вкусови или во комбинација со различни видови сирења и печени меса како спротивставени вкусови. Се служи на температура од 6-8 Целзиусови степени. Има сезонски карактер и им се претставува на сите љубители на пивото со мотото „Сакам пак“. Сензуалноста на ова пиво и вкусот кој ги разигрува сите сетила со секоја нова голтка ја истакнува примабалерината Мими Поп-Алексова која е заштитно лице на кампањата.

СКОПСКО Цреша може да се купи во сите подобро снабдени малопродажни објекти почнувајќи од оваа недела, во стаклено пакување од 0.33л., 0.50л и буре од 20л.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.