• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Сексот и великодушноста се клучни елементи за среќен брак

12 декември 2011, 16:23
  • cподели

Великодушноста е еден од најважните елементи за среќен брак, потврдува истражување на Универзитетот Вирџинија.

Малите добри дела, како правење на утринското кафе или купување на цвеќиња, преку кои се изразува великодушноста, се важна состојка за среќен брачен живот. Од паровите кои изјавиле дека во нивната врска има високо ниво на великодушност, 50% изјавиле и дека се многу среќни во бракот. Бенефициите од великодушноста биле особено изразени кај паровите кои имале деца. Од друга страна, од паровите кои пријавиле ниско ниво на великодушност во бракот, само 14% тврделе дека се многу среќни.

Но, великодушноста не е најважниот елемент за среќен брак. Според резултатите од истражувањето во кое учествувале 1.400 хетеросексуални парови, сексот е поважен од великодушноста.

Сопруг и сопругаЖените кои добиваат поголема помош од своите сопрузи во извршувањето на домашните обврски, почесто се задоволни од сексуалниот живот

Сопругите и сопрузите кои признале дека сексуалното задоволство им е на натпросечно ниво биле за 10 до 13 пати посклони да го опишат својот брак како многу среќен, во споредба со оние парови кои пријавиле потпросечно сексуално задоволство.

Но, истражувањето вели дека великодушноста и добриот сексуален живот одат рака под рака. Паровите кои изјавиле дека има високо ниво на великодушност и обврзување во нивниот брак и кои поминуваат квалитетно време заедно, исто така пријавиле високо ниво на сексуално задоволство. Поверојатно е жените да кажат дека се задоволни од сексуалниот живот ако ги споделуваат домашните обврски со својот партнер.

„Она што се случува надвор од спалната има големо влијание за одредување на тоа колку мажите и жените се среќни со она што се случува во спалната“ – изјавил Бредфорд Вилкокс од Универзитетот Вирџинија.

Кои се петте клучни елементи за среќен брак? Според дадените одговори, мажите и жените се согласуваат за првите четири елементи, а тоа се: сексуалното задоволство, нивото на обврзување, великодушноста и позитивниот однос кон растењето и воспитувањето на децата. За жените петтиот елемент е поддршката од пријателите и семејството, а за мажите – духовноста во бракот.

Tags
брак

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.