• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Секс

Секс пози за стимулирање на Г-точката

26 октомври 2010, 11:07
  • cподели

Додека научниците успеат да решат дали Г-точката е мит или факт, ние ќе застанеме во иста линија со жените кои тврдат дека „жешката“ точка постои и дека нејзината стимулација може да доведе до најинтензивниот оргазам.

Сепак, не секоја поза може да ви го достави тоа задоволство. Мисионерската поза иако е најпопуларна, не нуди доволна стимулација на Г-точката и најголем дел од жените тврдат дека тоа е позата во која им е најтешко да доживеат оргазам.

Млад пар пред сексВрвното задоволството доаѓа со експериментирањето

Врвното задоволството доаѓа со експериментирањето. Заборавете на класичната мисионерска поза и подгответе се малку да ги размрдате мускулите. Следуваат неколку едноставни секс пози кои ќе ја зголемат веројатноста да доживеете експлозивен оргазам. Изберете една поза, а потоа продолжете со друга. Експериментирајте и не се плашете да пробате нешто поразлично, затоа што новото делува како афродизијак.

„Модифицирана мисионерска“

Легнете на грб и дозволете му на вашиот партнер да пенетрира, т.е. заземете класична мисионерска поза. Потоа, исправете ги нозете и ставете ги на неговите рамена.

Ваквата поза овозможува длабока пенетрација и стимулација на Г-точката. Тој ќе може да ве гледа додека уживате, а вие ако сте послободни, можете со раката да го допирате вашиот клиторис.

„Јавачка“ и нејзини варијации

Вашиот партнер е легнат на грб, а вие седнувате врз него и се движите или во круг или горе-долу. Оваа поза остава голем простор за експериментирање. Многу жени тврдат дека чувствуваат поголемо задоволство ако застанат на своите стапала (наместо да се клекнати на колена) и ако изведуваат клекнувања. Други пак претпочитаат да му се свртени на партнерот со грбот. Во овој случај, за подобра стимулација, жената треба да ги рашири нозете и да се наведне кон нозете на мажот. Така ќе може да се потпре со рацете на неговите нозе за стабилност.

Во овие пози жената се наоѓа горе и има контрола врз движењата и степенот на пенетрација, па затоа на повеќето жени им се омилени. Рацете на партнерот се слободни, па тој може да ве допира по градите за поголемо задоволство.

„Кучешка“

Клекнете, наведнете се нанапред и потпрете се на раце. Партнерот се наоѓа зад вас и пенетрира одназад. И оваа поза не ве ограничува. Можете да го свиткате повеќе грбот или пак повеќе да ги спуштите градите кон креветот. Прилагодете се во зависност од задоволството што го чувствувате. Партнерот може да ви ги подигне колковите со рацете за уште поинтензивна стимулација.

И мажите и жените ја обожаваат оваа поза. Ваквите пози кои овозможуваат мажот да пенетрира одназад се најдобри за стимулирање на Г-точката. Доколку не се чувствувате комфорно во кучешка поза, пробајте ја следната.

„Лажица“

Легнете свртени настрана, а вашиот партнер нека легне зад вас (поза 99). Нема контакт со очите и затоа секој од партнерите може да се концентрира максимално на задоволството што го чувствува. Рацете на партнерот се слободни, па сигурно ќе посака да ве гали по телото или да ви го стимулира клиторисот.

Ова е интимна поза која дејствува многу еротски. Возбудата може да биде уште поголема ако вашиот партнер ви шепоти комплименти на уво и ве бакнува по вратот.

„Исправени и одназад“

Застанете исправени. Вашиот партнер се наоѓа зад вас. Наведнете се малку нанапред, потпирајќи се на цврста подлога. Вие регулирате колку ќе бидете наведнати. Некои жени обожаваат да се легнати на подлога како маса, а други да се исправени и малку наклонети нанапред.

Оваа поза има елементи од „кучешката“, овозможува директен допир на пенисот со Г-точката и носи неверојатно задоволство.

Tags
секс пози
Г-точка
секс
оргазам

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.