• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Секс

Секс митови за мажите

15 септември 2009, 14:00
  • cподели
Проблеми во сексот
Мажите не се секогаш расположени за секс, па затоа не паничете ако ви се случи да бидете одбиени.

Мит 1. Мажите секогаш се спремни за секс.
Вистината: Не е точно. Се разбира дека жените се почувствителни, но и мажите не се рамнодушни на стресот и умората. Тоа влијае на нивното либидо. Затоа, наредниот пат кога тој не е расположен за секс – не паничете. Тоа не мора да значи дека имате проблем.

Мит 2. Мажите никогаш не глумат оргазам.
Вистината: Не се само жените актери во сексот. Иако поретко се случува и мажите може да глумат дека ја достигнале точката на кулминација. Само 47% од мажите доживуваат оргазам со вагинална пенетрација, а 3% од мажите признаваат немаат доживеано оргазам за време на сексуален однос.

Мит 3. Ејакулацијата значи оргазам.
Вистината: Не мора да значи дека е така. Ејакулацијата и оргазмот кај мажите не се случуваат секогаш истовремено. Некои мажи достигаат до оргазам без да ејакулираат. Сепак, најчесто ејакулацијата се случува во исто време со оргазмот.

Мит 4. Мажите би биле пресреќни ако ја прескокнат предиграта.
Вистината: Голем дел од жените сметаат дека мажите за време на сексот мислат само на оргазам и прават сè само да го достигнат. Денес мажите обрнуваат многу повеќе внимание на предиграта, не само затоа што знаат колку е посакувана од жените, но и поради тоа што не треба постојано да мислат на нивната ерекција.

Мит 5. Отсуството на ерекција значи отсуство на желба за секс.
Вистината: Жените многу често брзаат да донесат заклучоци кога мажот има проблеми со ерекцијата. Веднаш им доаѓа на ум дека тој не е доволно заинтересиран и не ги смета за привлечни. Но, вистината е дека постојат многу работи кои можат да бидат причина за отсуството на ерекцијата. Дури 48% од мажите признаваат дека имале проблеми со ерекцијата. Мажите не се роботи. Многу фактори како стресот, заморот, срамежливоста и друго влијаат врз него и врз неговото либидо.

Tags
секс
секс митови

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.