• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Секој здив ми е болка. Едвај дишам, помогнете ми, имам за кого да живеам“: Апел за помош на Бране кој има рак

3 јуни 2025, 12:44
  • cподели

Отворете го срцето и помогнете му на Бране Марковски во неговата борба за живот.

37-годишниот Македонец има карцином на белите дробови и тумор на црниот дроб, а првиот и пресуден чекор за него е веднаш да замине во Турција за да му направат детални испитувања и да го подготват за терапијата која може да му го спаси животот.

Бране Марковски

За тоа му се потребни 21.000 евра, средства кои неговото семејство не може да ги обезбеди без помош од хуманите граѓани.

Прочитајте го неговиот апел објавен на страницата на Фондацијата „Павел Андреев“ и донирајте ТУКА: „Да го спасиме животот на Бране“

Го чувствувам телото како отслабнува. Дишам тешко. Секој чекор ми е борба. А сега морам да побарам – помогнете ми. Ми треба вашата помош за да преживеам.

Имам само 37 години. До пред неколку месеци живеев како и многу други – сонот ми беше иднина со мојата сакана Марија, дом, семејство, деца, заеднички утра. Бев активен, спортував, градев живот. А денес – секој здив ми е болка, секое будење страв.
Животот ми се смени за миг кога ми ја соопштија дијагнозата: Карцином на белите дробови и тумор на црниот дроб.

Состојбата брзо се влоши – едвај дишам, имам отежнато движење, во стомакот ми се собира вода, телото ми слабее секој ден. Татко ми ја изгуби истата битка. Сега, мајка ми, брат ми и Марија се тука покрај мене… но веќе не можеме сами. Мора да заминам во Турција веднаш – за да започнам подготвителен процес пред лекување.

На 10.06 треба да заминам за Турција – таму ќе ми направат детални испитувања и ќе ме подготват за терапијата што може да ми го спаси животот.

21.000€ се потребни само за овој прв, но пресуден чекор.

Колку ќе трае и ќе чини целото лекување – ни јас не знам… но знам дека без оваа фаза, понатаму нема.

Не сакам да се откажам. Сè уште имам надеж. Имам за кого да живеам.

Затоа ви се обраќам со отворено срце. Ве молам, донирајте. Споделете. Помогнете.
Секој придонес е чекор кон лекување. Секое споделување е светлина во мојата темнина.

Секој од вас може да биде дел од мојата шанса за живот.

Времето тече. А јас се борам. Но не можам сам.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.