• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
На работното место

Секогаш бидете точни

19 септември 2009, 18:46
  • cподели

Без разлика дали имате интервју за работа, тоа ви е првиот работен ден или е сабота и излегувате со пријателите, вие треба да се појавите навреме на договореното место. Доцнењето не само што остава многу лош впечаток, а и ги нервира оние што чекаат.

За да пристигате секогаш навреме, потребно е да знаете да го менаџирате своето време. Еве неколку совети, кои што ќе ви помогнат да се откажете од лошата навика да доцните и ефективно да го планирате своето време.

Жена со часовник
За да бидете точни, додавајте 25% повеќе кон вашето планирано време.
  1. Признајте си дека имате проблем со доцнењето. Луѓето кои не гледаат на доцнењето како на проблем, никогаш нема да бидат точни. Како и за другите проблеми, за да го решите проблемот со доцнењето, прво е потребно да признаете дека го имате.
  2. Планирајте го времето. Секој човек знае отприлика колку време му треба за да се подготви. Ако посветувате многу време на вашиот изглед, станувајте порано. Секогаш знајте ја локацијата на која треба да пристигнете, за да можете точно да си испланирате колку време ќе ви одземе да стигнете до таму.
  3. Испланирајте си и дополнително време. Секогаш додавајте 25% повеќе кон вашето планирано време, за да бидете точни. Многу често работите не се случуваат по план, а вака вие секогаш ќе имате дополнително време, за да се извлечете во непредвидена ситуација.
  4. Подгответе се колку што можете повеќе вечерта. Ако станувањето наутро ви е голем проблем, најдобро е да се подготвите колку што можете повеќе претходната вечер. Изберете каква облека ќе носите и подгответе ја уште вечерта. Чантата, клучевите и сè што секојдневно носите со вас, оставете го на едно место.
  5. Легнувајте си порано. Така полесно ќе можете да се разбудите наутро и ќе имате доволно време за да ги исполните сите обврски.
  6. Во секое време треба да знаете колку е часот. Во секој момент додека се подготвувате треба да знаете уште колку време ви преостанува. Каде и да одите, со вас имајте или часовник или мобилен.
  7. Имајте потсетник. Дали ќе го употребите мобилниот телефон, компјутерот или обичен бележник не е важно, важно е да добиете потсетување за важните настани, на кои не треба никогаш да доцните.
  8. Бидете организирани. Неорганизираноста се поврзува со доцнењето. Ако не сте организирани и во последен момент се обидувате да ги најдете работите кои ви се потребни, секогаш ќе губите скапоцено време и ќе доцните.

Некои луѓе го местат својот часовник 15 минути порано, за да го избегнат доцнењето. Кај други пак оваа тактика не дава резултати, затоа што секогаш мислат дека имаат повеќе време. Можете да бидете инвентивни и да си измислите свои тактики, со помош на кои ќе бидете секогаш точни. Правилно организирајте си го времето, затоа што како што кажал Бенџамин Френклин: „Времето е пари!“.

Tags
точни
работно место

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.