• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Сега сè има вкус на благослов“: Бјанка Балти сподели дека ракот ја научи да си го цени животот многу повеќе од претходно

4 февруари 2025, 12:44
  • cподели

На Светскиот ден на ракот, Бјанка Балти објави пост за своето искуство со оваа болест.

40-годишната манекенка сподели фотографии од нејзиното патување и напиша дека сега си го цени животот многу повеќе од порано. Бјанка, која пред неколку дена заврши со хемотерапиите, вели дека сè во нејзиниот живот сега има вкус на вистински благослов.

Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти

Во септември минатата година, Бјанка преку јавна објава откри дека има рак на јајниците. Претходно, Балти откри дека го носи мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот за развој на рак на дојки и јајници. Тогаш, таа направи превентивна операција за отстранување на градите.

4 февруари. Светски ден на ракот.

Отсекогаш ова беше само обичен ден на кој ме потсетуваа само некои Instagram објави. Иако мојата тетка почина од метастатски рак на дојка на 39-годишна возраст, а мајка ми доби миелом пред неколку години. И покрај мојата дијагноза во 2021 година дека носам BRCA1 гени за кои во декември 2022 година, минав низ превентивна двојна мастектомија. Ракот не можеше да ми се насели во мислите, а камоли во телото.

Сè до 8 септември 2024 година, дента кога ракот, на јајниците поспецифично, дојде во мојот живот со чувство на смртна казна. На 14 октомври, започнав со хемотерапија и штотуку ја завршив на 27 јануари, минатиот понеделник. На мое изненадување, во овие изминати неколку месеци се чувствувам поживо отсекогаш.

Не го земав животот здраво за готово и мојата благодарност го достигна највисокиот врв. Сè започна да има вкус како вистински благослов.

Беше тешко и сè уште не е готово, но не би направила ништо поразлично. Велат: „Она што не те убива, те прави посилна“, но моето искуство е дека она што не ме уби, направи да си го сакам животот многу повеќе.

Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.