„Се трудам да бидам најдобра за тебе“: Марија Шерифовиќ со емотивна порака ја завршува втората година со синчето
Помина уште една заедничка година на Марија Шерифовиќ со синчето кое го доби со помош на сурогат-мајка.
Српската пејачка со силни емоции напиша порака и сподели фотографии од втората година со малиот Марио, кој се роди на 2 декември 2023 година. Марија призна дека оваа година ѝ била „година на најголем раст“ и му се заблагодари на малото момче што секој ден ја учи како да го живее животот и да биде подобра.
Нашата втора годинка 🥰
Година на мојот најголем раст.
Сигурна сум во тоа. Ти благодарам, сине.
Ти благодарам што ме учиш на живот.
Растеме заедно. И секое утро се трудам да бидам подобра за себе, за да бидам најдобра за тебе.
Со љубов,
M&M
Откако го доби Марио, Марија сподели дека се обидела самата да износи бременост, но дека не успеала и дека затоа се решила за сурогат-мајка.
Во повеќе наврати се обидував сама да износам бременост, но поради потешкотии, не успеав – рекла таа.
Големата желба да имам дете ме водеше низ тој комплексен процес – додала српската пејачка.