Се сеќавате на Соња Реј од „Млади бунтовници“? Атрактивната актерка го прослави 60-тиот роденден
Катерин Фулоп зачекори во седмата деценија од животот.
Актерката, која сигурно ја паметите по улогата на Соња Реј во „Млади бунтовници“, вчера го прослави својот 60-ти роденден и сè уште мами комплименти за одржаниот изглед.
Тонирано тело, долги нозе и стомачни мускули, телевизиската ѕвезда позната како „мајка на Марица“ плени со сексапил и зрачи со харизма.
@catherinefulop65 Es mi cumpleaños 60 años de historias que merecen ser celebradas️
♬ sonido original - Catherine Fulop
Убавата Венецуелка е во брак со актерот и продуцент Освалдо Себатини со кого има две ќерки. Минатата година тие славеа за свадбата на ќерката Ориана.
Освалдо сподели заедничка фотографија и ѝ го честиташе јубилејниот роденден на Катерин.
„Љубов моја, моја придружничка, моја секојдневна радост, нека овој ден и сите што доаѓаат ти донесат среќа и сè што твоето срце посакува. Особено тој сон повторно да стапнеш на твојата сакана земја. Среќен роденден! Те сакам“ – стои во неговата порака.
