Се гордее што потекнува од село, одушевува со природната убавина... Која е новата Мис Србија?
Србија ја избра новата претставничка за престижниот натпревар за убавина Мис на светот.
Симона Манојловиќ е младата дама која беше крунисана во Белград и ја понесе титулата Мис Србија 2026.
21-годишната девојка, која живее во Нови Сад, со гордост истакнува дека потекнува од Равно Село, мало место во Војводина во кое живеат само 2.700 лица. Завршила средно училиште и има диплома за наутички техничар. Обожава патувања, уметност и глума, а нејзините блиски ја опишуваат како амбициозна.
По изборот, многумина го коментираа нејзиниот изглед. Особено многу комплименти придоби затоа што нејзиното лице низ годините воопшто не е променето со естетски корекции.
За титулата Мис Србија се бореа 18 убавици. Симона ќе ја претставува својата татковина на изборот Мис на светот 2026.