• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Се будиме во 'хотел' под милион ѕвезди“: Маја Кикириткова открива зошто 4 години летуваат во шатор со децата

2 јули 2026, 14:05
  • cподели
Маја Кикириткова со семејството на кампување

Наместо во хотел со ѕвезди, Маја Кикириткова Трајковски и нејзиниот сопруг Александар со децата веќе четири години по ред избираат да летуваат во камп. Парот, заедно со малите Лазар и Ева, летово повторно престојува три недели во кампот „Полари“, во близина на хрватскиот град Ровињ, место кое ги освоило со беспрекорната организација, природата и чувството на слобода.

Под нивната тенда, функционира цел дом. Готват исто како дома – од леќа до морски ракчиња, имаат комплетно опремена кујна, фрижидер и сè што им е потребно за удобен престој. При изборот на парцелата, секогаш внимаваат таа да биде што поблиску до плажата и тоалетите, за полесна организација со децата.

Љубовта кон кампувањето, раскажува Маја, се родила сосема случајно, на нивното прво кампување во Љубаништа. Токму таму го почувствувале она чувство на слобода кое, како што вели, не може да се доживее на ниту еден друг вид одмор.

Спиењето во кровен шатор, кој се наоѓа над нивниот автомобил, воопшто не им претставува проблем, за нив ваквото искуство „да се будиш во хотел под милион ѕвезди“, не се купува со ниедни пари на светот.

Во разговор за Фемина, Маја открива зошто кампувањето за неа е многу повеќе од обичен одмор, како изгледаат подготовките за три недели живот во шатор и што би им порачала на семејствата кои сè уште се двоумат дали да се впуштат во ова искуство.

Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување

Кампувањето сè почесто станува избор на семејствата кои сакаат поинаков одмор. Според вас, кои се неговите најголеми предности, а дали воопшто постојат слабости кога патувате со деца?

Нема брзање, денот трае долго, на камп го има најубавото зајдисонце

Кампувањето за мене е стил на живот. Или го сакаш или не. Но, едно знам, еднаш кога ќе пробаш, не можеш да останеш рамнодушен. Нема маани, само предности. Нема брзање, денот трае долго, нема притисоци за брзање на појадок, ручек, вечера. Цел ден со солена кожа и коса, навечер се тушираш и пред 22ч. си заспан, а пред 7ч. станат. На камп го има најубавото зајдисонце и седење до 21ч. на плажа.

Децата се безгрижни, функционираат сами. Никогаш не сум била камперско дете, ниту пак мојот сопруг. Пред 4 години, сосем случајно отидовме кај пријатели во Љубаништа и знаев дека тоа е совршениот одмор, без кавги и натегања.

Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување

Зад едно успешно кампување, стојат и добри подготовки. Колку време ви е потребно за да тргнете на пат и што никогаш не смее да остане дома?

Со оглед дека трета година патуваме со сопствена камперска опрема, на нас сѐ ни е подготвено и спакувано во кутии преку цела година. Неколку дена пред кампување го ставаме шаторот врз кола, а два дена претходно ги премивам сите садови за во кујна, пеглам сѐ што ми е потребно и пакуваме во кола. Буквално тоа што го користиме за камп, не го користиме дома, така и нема опција нешто да заборавиме, затоа што сѐ е тука од лани.

Најнеопходни се продолжните кабли и приклучокот за струја, зависи каде се оди и каква струја се користи. Овде спаѓа и добар фрижидер.

Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување

Многу родители сакаат да пробаат кампување, но стравуваат дали ќе се снајдат. Што би им порачале на оние кои сè уште се двоумат?

Кампот е слобода за децата, но и за родителите

Еднаш кога ќе пробаат, никогаш нема да сакаат да се вратат на летување во хотел. Кампот е слобода за децата, но и за родителите. Мора да знаат дека може да фати и дожд и невреме и да бидат спремни на секакви предизвици, но кога се оди во камп, а не на див камп, нема опасност од ништо. Луѓето на камп се премногу љубезни и сите пријателски настроени, па што и да ви фали или да ви треба помош, секогаш ќе се најде некој тука.

Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување

Зад вас се четири години кампување, дали веќе имате омилени дестинации? Кои кампови од регионот досега ви оставиле најсилен впечаток?

Хрватска е позната по убави кампови, направени како ресорти

Со оглед дека кампуваме 4 години, немаме посетено кој знае колку многу кампови. Последните две години кампуваме во кампот Полари во Ровињ, Хрватска и можам да кажам дека за мене е најубавиот камп кој го имам посетено. Дефинитивно Хрватска е позната по убави кампови, направени како ресорти, со аквапаркови и многу занимации за деца.

Реално во Грција такви кампови немам видено. Во Грција морето и плажите се незаменливи, но во Хрватска целокупната организација во камповите, чистота, околни места кои можат да се посетат не би ги менувала за ништо на свет.
 

Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
Маја Кикириткова со семејството на кампување
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Maja Kikiritkova Trajkovski (@majakikiritkova)

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Маја Кикириткова
кампување

Најнови

  • Огнен Здравковски

    „До неба“: Спотот за новата песна на Огнен Здравковски

    Thu, 07/02/2026 - 14:38
  • Balans + Kefir

    Зошто е добро да се пие кефир?

    Thu, 07/02/2026 - 14:29
  • „Срцето ми застана“: Нара и Лаки Блу Смит споделија дека 2-годишната ќеркичка се бори со рак

    Thu, 07/02/2026 - 14:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.