Самохрана мајка на девојче со посебни потреби од Србија си го трансформираше изгледот, тренерот ја награди со 1.000 евра
Самохрана мајка на дете со посебни потреби од Србија целосно си го промени изгледот за само 11 месеци со упорност, тренинзи и промени во исхраната, а за тоа беше наградена со 1.000 евра.
Српскиот тренер Никола Орозовиќ ја раскажа приказната на инспиративната Каќа Максимовиќ, која не дозволи ништо да ѝ застане на патот кон трансформацијата и да стане „една здрава и пресреќна жена, жена – лавица“.
Каќа многупати тренирала во 1 часот по полноќ откако нејзината ќеркичка Тара ќе заспиела само за да си ја исполни зацртаната цел. Во видео до Никола, Каќа рече:
Ти ја немам раскажано целата моја приказна. Јас сум самохрана мајка на девојче со посебни потреби со повеќе дијагнози. Кога започнав со твоите тренинзи, бев во процес на развод кој траеше речиси две години. Баш твоите тренинзи ми помогнаа не само да се вратам во своето тело, туку и да се вратам на себе и бескрајно ти се заблагодарувам за тоа.
Инспириран од нејзината упорност, Никола одлучил лично да се сретне со мајката и да ѝ врачи 1.000 евра.
Награда од 1000€ за борец на годината! 🥹
Гледај до крај, затоа што… кога ќе го видиш крајот ќе посакаш да го гледаш и продолжението (дел 2).
Ќе посакаш да гледаш жена која покрај своето детенце со потешкотии во развојот секогаш е насмеана, жена која никогаш не ја изгуби надежта иако во сè беше сама, жена која без сопруг и без помош пред една година одлучи да уплати програма и исхрана, да започне и НИЕДНАШ НЕ СЕ ОТКАЖА. Тренинзите многупати ги правеше кога Тара ќе заспие во 1 часот по полноќ, затоа што тогаш беше единственото време кога можеше… 🥹🙏❤️
🍀 Не знам зошто и не знам како, но кога би ги прочитале сите пораки на Каќа од почеток до денес, кога би ја запознале, НИКОГАШ не би рекле дека се наоѓа во ваква животна ситуација. Неверојатно е колку позитивност, љубов, вера, надеж, сила и цврстина има оваа жена – и ова е доказ дека во секоја жена се крие неверојатна сила, само треба да се отклучи! 🥹❤️🙏
🍀 Ова мене, како маж, ме мотивира и ми покажува дека сите проблеми што ги имам често и не се вистински проблеми, туку дека многупати самите си ја отежнуваме ситуацијата и мислиме дека е полошо отколку што навистина е. А кога искрено ќе се свртиме околу себе, единственото што можеме да го видиме е дека имаме многу повеќе отколку што немаме – и причина за голема благодарност. 🙏 Токму така живее Каќа, и што и да се случило, таа од сè излегла како победник 🥹
✅️ ПОРАКА ДО СИТЕ ЖЕНИ: добро погледнете ја Каќа и верувам дека НИКОГАШ ПОВЕЌЕ нема да ви биде тешко да започнете. Оваа сила на волја и живот што ја поседува Каќа е заразна и сигурен сум дека секој што со срце ќе го погледне ова и ќе ја разбере нејзината ситуација, ќе излезе како победник од секоја тешка ситуација!
✅️ ОВА ШТО СЕГА ГО ГЛЕДАТЕ Е ДОКАЗ НА РЕЧЕНИЦАТА: „ЖЕНО, ТИ МОЖЕШ СÈ!“ 🙏❤️
Тоа не значи дека треба сè, туку дека можеш сè што ти е потребно! 🍀 Ниту една жена не е свесна колкава сила носи во себе. Ова е навистина еден од доказите – и ова треба да биде гордост за секоја жена! 🥹
🥹 Големо БЛАГОДАРАМ и големо БРАВО за оваа неверојатна жена! Би сакал сите да ја пофалиме и сите да го кажеме истото, затоа што тоа е најмалку што можеме да го направиме – таа навистина го заслужува тоа – напиша Никола за својата клиентка.
Малата Тара сега има 6 години, а Каќа планира да ги искористи парите за вежби кои би можеле да ѝ помогнат.