• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Сакав да ја искористам популарноста за да подарам среќа, без да барам лајк и шер“: Мистер Љубе за хуманоста зад хуморот

28 јануари 2026, 21:25
  • cподели
Мистер Љубе

Љупчо Крстевски, или попознат како Мистер Љубе, публиката го препознава по видеата во кои на свој уникатен и хумористичен начин и со автентични ликови знае да ја пренесе македонската реалност и секојдневието кое го живееме.

А зад камерите, стои сосема обичен човек, посветен сопруг на Елена и горд татко на Илијана и Јоана кој не бега од одговорноста што ја носи јавната присутност. Токму затоа, постпразнично, битолчанецот го среќаваме во поинаква улога, не само како комичар со скечеви со милионски прегледи, но како вистински Дедо Мраз, кој заедно со својот тим изминатиов период исполнуваше желби на луѓе што му пишуваа со надеж и верба во новогодишната магија.

За Фемина, Љубе зборува за емпатијата зад хуморот и за одговорноста кон публиката, но и за тоа каков е како човек и како татко.

Публиката те знае како комичар кој прави скечеви, но во изминатиов празничен период те гледавме и во поинаква улога, преку акцијата за исполнување желби. Како се роди оваа идеја?

Сакав да подарам некому „среќа“ без за возврат да барам „лајк“, „шер“ или „таг“

Верувам во новогодишната магија и деновите кои се полни со празници, создадени за да споделуваме радост, среќа и насмевки со оние кои најмногу ни значат. Па затоа, инспирацијата дојде некако сама, сакав популарноста и моќта кои ги имам, да ги искористам за да подарам некому „среќа“ без за возврат да барам „лајк“, „шер“ или „таг“. И не знам… Некако убаво е чувството да си во улогата на Дедо Мраз.

Што најмногу те трогна од пораките и желбите што ти ги испраќаа следбениците и дали имаше момент што те остави без зборови?

Би ги исполнил сите желби, но и со овие кои ги исполнив се чувствувам среќен и мисијата ја прогласувам за успешна

На почетокот, кога се припремавме за оваа „кампања“, претпоставив дека ќе има многу пораки со желби, но да бидам искрен, не очекував тооооолку многу… Имаше најразлични желби, од насмевка до станови, автомобили, ајфони, затворање на кредити, стројник за женење итн. Повеќето пораки беа креативни и ми го наполнија срцето, но имаше и „материјални“ пораки - „Ајфон 16, плав“, ни здраво, ни Среќна Нова година.

Кога би можел би ги исполнил сите желби, но и со овие неколку желби што ги исполнив се чувствувам среќен и мисијата ја прогласувам за успешна, иако остана уште една желба која не успеав да ја остварам, нема да се откажам, иако новогодишната еуфорија заврши, се работи за желбата која јас и мојот тим силно посакуваме да ја исполниме. Затоа, немојте да се чудите ако видите сред лето „Новогодишна желба“.

Мистер Љубе
Мистер Љубе
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ljupcho Krstevski (@mr.ljube)

Преку акцијата помогна на многу луѓе, но избра и некои навистина необични и интересни приказни. По кој критериум одлучувавте кому ќе му ја исполните желбата?

Запознав учителки кои би дале сѐ за своите ученици

Навистина изборот беше многу тежок и немаше точен критериум, имавме само име и презиме и желба напишана на маил, нè водеше интуицијата и верувавме во тие пораки што ги читавме, се надевам не погрешивме. Но, знам дека и голем број не успеавме да ги реализираме. Во оваа кампања, запознав многу прекрасни луѓе од двете страни, како од тие што бараат, така и тие што подаруваат. Запознав учителки кои би дале сѐ за своите ученици, родители кои посакуваат желби за своите деца, сопруги за своите сопрузи… И оние кои ги реализираа желбите, тоа се фирми кои без двоумење се приклучија на оваа кампања и не бараа за возврат прегледи и лајкови. Морам да издвојам дека имаше и најобични луѓе кои имаа новогодишна желба да донираат и да направат некој среќен преку нас. Бескрајно сум им благодарен!

Мистер Љубе
Мистер Љубе
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ljupcho Krstevski (@mr.ljube)

Колку е предизвик да се балансира хуморот со емпатијата, особено кога станува збор за реални човечки приказни?

Оваа кампања беше нешто ново и за мене, првпат се соочив со вакво искуство. Мислам дека направив добар баланс. Тој што не пробал да се занимава јавно со хумор, не знае. Иако навидум изгледа многу лесно и обично, сепак се работи за реални човечки приказни и потребно е да си многу претпазлив, посебно кога се во прашање чувства и емоции. Многу сум среќен што добивам позитивни реакции од публиката и голема поддршка.

Дали чувствуваше одговорност затоа што имаш големо влијание врз луѓето на социјалните мрежи и како се носиш со таа улога?

Секако дека постои одговорност. Немам намера никој да навредам, само ја пресликувам реалноста која ја живееме, немам никакви предрасуди, едноставно гледам на „забавната страна од ситуацијата“, сакам позитивно да влијаам во општеството и сум среќен кога луѓето бараат малце разонода во моите видеа, но гледам тоа да не биде по секоја цена, да не премине во вулгарност и навреди, затоа што сакам да бидам пример за младите генерации кои ми се најголемата и најискрена публика. Кога зборувам за најмладата публика, знам дека сега им се достапни социјалните мрежи премногу рано во нивното детство и најчесто работите што ги гледаат таму сакаат да ги пренесат во нивното секојдневие. Не би сакал да учат од мене „лоши“ зборови.

Мистер Љубе
Мистер Љубе
Како те препознаваат луѓето на улица, повеќе по скечевите и ликовите што ги глумиш, или по Љубе каков што си приватно?

Претпоставувам дека повеќе ме знаат како Љубе, барем во Битола, горе-долу сите се познаваме тука. Но, некако како излегуваат видеата, сѐ почесто „се одѕвивам“ на Бубе, Луи, Јасас филе, Надее…

За мене е важно тоа што Љубе остана истиот покрај сѐ што се случува и како и да му викнете ќе се сврти и поздрави.

Мистер Љубе
Како ја чуваш приватноста во време кога си јавно присутен и дали некогаш чувствуваш дека таа граница е нарушена?

Како што реков, Љубе е истиот и немам никаков проблем со „чување приватност“ затоа што немам ни што да кријам, јас сум фамилијарен човек, татко на две малолетни деца, одам на работа во смени, снимам видеа, слободното време сакам да ѝ го посветам на фамилијата, посебно на децата, и не гледам дека има некоја граница која може да биде нарушена.

Каков е Љубе кога камерите се исклучени, особено во улогата на татко?

Мр. Љубе и тато Љубе е една иста личност

Искрено нема голема разлика, Мр. Љубе и тато Љубе е една иста личност, како што ја смеам и забавувам мојата публика преку социјалните мрежи, истото го правам и со моите ќерки, сакам да ги забавувам. Тие се мојата најверна публика и често ликовите кои ги подготвувам за снимање тие ги гледаат први, тие ми се првиот „филтер“.

Мистер Љубе со семејството
Дали татковството на некој начин ти го смени хуморот, погледот кон луѓето или темите што ги обработуваш? Како би те опишале ќерките како татко?

Периодот кога преминав од сопруг во татко не ми донесе некоја голема трансформација на професионален план, мислам дека тоа не влијаеше на мојот хумор, но и тоа како влијаеше на мојот приватен живот, некако животот ми доби повеќе смисла. Често кога ги обработувам темите знам да се запрашам како изгледа ова во очите на Илијана (поголемата ќерка) или да искористам во видеата некоја нејзина фраза, па кога ќе го види тоа во видеото знае да ми каже: „Мене тато ова не ми е смешно“, а јас се трудам, и ќе се трудам да стигнам до: „Е ова ти е јако видео“. Ако ја прашате каков татко е Љубе? Ќе ви одговори: „Ти си најдобриот татко на светот“. Иако имам уште многу за докажување.

Мистер Љубе
Што би сакал публиката да види и запамети зад шегите? Која е пораката што сакаш да остане?

Сме сите исти, сите на исто плачеме, на исто се смееме

Најпрво би сакал јас од ова што го правам заедно со мојата екипа да имам убави спомени од самиот процес на припрема и снимање на овие видеа. Безбројните часови поминати заедно, кои не секогаш гарантираат дека ќе имаме успешни видеа, или ете како еден мал парадокс е тоа што видеата на кои најмногу сме се смееле и уживале за време на снимањето, не станале вирални. А имаме видеа со милионски прегледи кои сме ги подготвиле за 5 минути и сме ја погодиле целта без некоја посебна намера. Кога ќе прочитаме коментар од публиката „Ете Љубе ви кажа, кој разбра - разбра“, сфаќаме дека имаме скриени пораки во видеата, кои ни ние не сме ги „разбрале“.

Пораката што моите видеа ја испраќаат е дека сме сите исти, сите на исто плачеме, на исто се смееме, а овие видеа ќе останат како еден документ за мене и времето во кое живеам, ќе го отсликаат нашето општество и нашиот народ. Не знам, можеби од денешна перспектива ни се само смешни… За една година, пет, десет ќе бидат уште посмешни или можеби трагични, можеби ќе имаат голема вредност, можеби ќе бидат „новото нормално“, навистина не можам да знам, сѐ се случува некако многу брзо.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk
 

Tags
Љупчо Крстевски

Најнови

  • Мистер Љубе

    „Сакав да ја искористам популарноста за да подарам среќа, без да барам лајк и шер“: Мистер Љубе за хуманоста зад хуморот

    Wed, 01/28/2026 - 21:25
  • Предупредување од доктор за родителите: Две деца во Загреб трајно ослепиле поради игра со ласер

    Wed, 01/28/2026 - 14:45
  • Реплек со настан „Вежбај паметно“

    Оваа сабота едукативно со „Реплек“ и Елена Бубало: Совети за правилно вежбање

    Wed, 01/28/2026 - 14:36
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.