Сафари, летање со балон, уживање на плажа во Кенија: Александра Заева на егзотично патување со мајка си Зорица
По неколкудневната сафари авантура во националниот резерват Масаи Мара, Александра Заева продолжи да ужива во убавините на Кенија покрај океанскиот брег.
Ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев сподели нови фотографии на својот Instagram профил, на кои позира во бикини на песочна плажа, уживајќи во сонцето и тиркизните води.
Претходно, таа имаше адреналинско искуство со сафари возење и летање со балон над африканската савана заедно со мајка ѝ Зорица и братот Душко.
На фотографиите може да се забележи опуштена атмосфера, насмевки и вистински одмор далеку од секојдневните обврски.
„Засекогаш благодарна“ - напиша Александра во описот на една од објавите за Кенија.