• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Рози Мицкоска, сопругата на македонскиот премиер, на Самит организиран од Меланија Трамп

26 март 2026, 09:26
  • cподели
Рози Мицкоска

Меланија Трамп организираше дводневен самит во Вашингтон на кој присуствуваше сопругата на македонскиот премиер Рози Мицкоска.

На настанот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“, кој се одржа во Вашингтон, учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.

Рози Мицкоска

Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера. Оваа иницијатива промовира создавање на партнерства меѓу државите и приватниот сектор, развој на иновативни образовни програми и користење напредни технологии, како што е вештачката интелигенција, за поддршка на младите.

Во рамките на самитот, Мицкоска имаше свое обраќање на работната сесија на тема: „Safety and Protection online“ (Безбедност и заштита онлајн).

Рози Мицкоска

Во својот говор, Мицкоска посочи дека во Македонија веруваме дека дигиталната писменост мора да започне порано во образовниот процес:

„Нашата цел е младите, не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање на проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основни училишта и околу 1900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива“.

По работната сесија, учесниците на самитот, меѓу кои и Мицкоска, присуствуваа и на Tech Expo каде што најпознатите светски компании за напредна технологија ги презентираа дел од своите производи.

Самитот претставува официјално лансирање на глобална коалиција, која има за цел да им помогне на децата ширум светот да стекнат вештини потребни за иднината.

Рози Мицкоска
Рози Мицкоска
Рози Мицкоска
Меланија Трамп
Рози Мицкоска
Tags
Рози Мицкоска

Најнови

  • Меланија Трамп

    Меланија Трамп со хуманоиден робот на црвениот тепих во Белата куќа

    Thu, 03/26/2026 - 10:17
  • Не дозволи ветерот да ѝ го уништи стилот: Принцезата Кетрин цврсто си го држеше шеширот за да не ѝ одлета во Кентербери

    Thu, 03/26/2026 - 10:16
  • Радосна вест: Суперхеројот Јован ја доби битката со болеста и победнички заѕвони на ѕвончето во Детската клиника во Скопје

    Thu, 03/26/2026 - 09:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.