• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Љубовни врски

Романтичната љубов може да трае вечно

6 септември 2009, 00:33
  • cподели

Многу луѓе сметаат дека романтичната љубов исчезнува со текот на времето и потоа партнерите остануваат заедно поради навика или чувство на обврска. Но, најновите истражувања покажуваат дека романтичната љубов може да трае вечно и да доведе до посреќна и посилна врска.

Романтична прошетка
Треба да се борите за одржување на пламенот на љубовта која сте ја имале кога започнала вашата врска и да не се откажувате од тоа задоволство.

Често се смета дека романтичната љубов е исто што и страсна љубов. Вистината е дека романтичната љубов е со ист интензитет и сексуална привлечност како страсната љубов, но со исклучок на опсесијата. Опсесивната љубов е пропратена со чувства на несигурност и вознемиреност и никогаш не опстанува долго.

За да дојдат до тој заклучок двајца истражувачи анализирале 25 истражувања со учеството на повеќе од 6 000 мажи и жени, кои биле во кратка или долга врска.

Резултатите објавени во Review of General Psychology, покажале дека партнерите кои изјавиле дека чувствуваат романтична љубов, се многу позадоволни, без разлика дали се заедно краток период или нивната врска трае веќе неколку години. Тоа ја зголемува нивната самодоверба и тие се многу посреќни.

Според раководителот на ова истражување, луѓето треба да си го променат мислењето односно тоа што треба да очекуваат од долгата врска. Најчесто луѓето очекуваат нивната почетна романтична љубов да премине во пријателска, но тоа не треба да биде така. Партнерите треба да се борат за одржување на пламенот на љубовта која ја имале кога започнала нивната врска и да не се откажуваат од тоа задоволство.

Во друго истражување на Stony Brook University, истражувачите користеле скенирање на мозокот за да докажат дека вистинската љубов може да трае цел живот. Тие го скенирале мозокот на парови кои биле заедно 20 години и на парови кои штотуку ја започнале својата врска. Резултатите покажале активност во исти региони на мозокот и кај сите парови.

Дали вистинската љубов може да трае вечно? Новите истражувања го потврдуваат тоа, затоа не се откажувајте од љубовта. Вистинската љубов трае вечно.

Tags
врска
љубов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.