„Родителите треба да се гордеат“: Момче со хит одговор за тоа што е најважно на велигденската трпеза
Во време кога велигденските трпези често се поврзуваат со изобилство и разновидни јадења, едно момче нé потсетува која е вистинската вредност на празниците.
Во кратка анкета, новинар ги прашуваше минувачите што е најважно за нив кога станува збор за велигденската трпеза, а неговиот одговор освои бројни симпатии.
На прашањето што најмногу сака да види на трпезата, момчето рече:
„Па, да се дружат семејствата. Љубов околу масата, сé така најдобро што може, затоа што Велигден е време кое е најдобро за да се собере семејството... Божји празник“.
Кога новинарот го пофали за одговорот и го праша дали му е важно што точно има на масата, момчето рече:
„Важно е само да сме сите заедно. Не е важно што има на трпезата. Затоа што можеби некој нема, некој има, но тоа е сеедно... Само семејството е битно во сето тоа“.
За овие одговори, момчето доби бројни пофалби на социјалните мрежи.
„Браво, родителите можат да се гордеат. Го научија на најважната лекција во животот“, „Како знаеш дека си успеал како родител? Еве вака!“, „Прекрасен дечко“, „Ова е одговор на дете кое знае дека среќата не се купува. Секоја чест за родителите на ваквите вредности“, „Браво за твоите родители. Ти си нивна ѕвезда-водилка и среќа“ – ова се само дел од коментарите.