• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Родители од Битола денес ќе разговараат за врсничко насилство на работилницата на „Макпетрол“

12 март 2025, 08:08
  • cподели

Во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола денес (12 март) ќе се одржи работилница за врсничко насилство наменета за родители. Организирана од „Макпетрол“, едукативната средба ќе почне во 18 часот. Таа е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. Работилницата ќе опфати повеќе аспекти на проблемот со врсничкото насилство кои што од стручна перспектива ќе ги обработи психологот Деспина Стојановска. Средбата со родителите ќе ја води актерот Сашко Коцев.

макпетрол

Ова е 11 работилница наменета за родители која што „Макпетрол“ ја организира како дел од својата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничко насилство“. Средбите се своевидна платформа која што овозможува за овој проблем да се разговара отворено. Претходно вакви работилници се одржаа со родителите од Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка, потоа во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, која беше наменета и за граѓаните од Виница и од Берово.

Родителите на овие собири имаат можност да се стекнат со знаења за врсничкото насилство и подетално да дознаат како истото влијание врз децата и врз учениците. Како најзасегнати и најодговорни за нив, родителите преку работилниците се информираат како можат да придонесат да се препознаат и да се разрешат ваквите случаи. Средбите, исто така, се место каде што можат да се споделат личните искуства и приказни поврзани со булингот, но и на темата да се разговара со психологот. На работилниците учествуваат и членови на стручните служби на училиштата во општината, кои најдиректно работат со учениците при случаи на врсничко насилство.

Во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, се приклучија 26 општини со кои што македонската компанија потпиша меморандуми за соработка. Во рамки на овие активности беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Вебсајтот kreniglas.mk е главен сегмент на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Оваа интернет-страница функционира како платформа што содржи голем број информации за врсничкото насилство.

Општествената одговорност е исклучително значајна стратешка цел на „Макпетрол“. Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ компанијата придонесува во зголемувањето на интересот во јавноста за проблемот со булингот. Учениците, децата, односно младите, и во следниот период ќе завземаат важно место меѓу општествено одговорните активности на „Макпетрол“.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.