• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Родена со деформитети поради Чернобил, малтретирана во сиропиталиште... Која е шампионката која доминира на Параолимпијадата?

19 март 2026, 14:05
  • cподели

Параолимпијка родена со тешки деформитети поради хаваријата во Чернобил, ја збогати својата колекција медали со уште три злата и стана најнаградувана американска параолимпијка во историјата.

Оксана Мастерс е родена во Украина во 1989 година, само три години по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Радијацијата ѝ предизвикала сериозни деформитети, поради кои таа се родила без палци на рацете, без големите писки на нозете и со по шест прсти на секое стапало.

36-годишната спортистка била оставена во сиропиталиште, каде што ги поминала првите седум години од својот живот, изложена на студ, глад и злоставување. 

Но, не дозволи тоа да ја дефинира како личност и се издигна повисоко од сите предизвици.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by The Players' Tribune (@playerstribune)

При раѓање бев дадена на посвојување и поминав седум и пол години во сиропиталишта. Многу луѓе не сакаат да веруваат што се случува во некои сиропиталишта во Украина. Но треба да веруваат. Се случуваат ужасни работи.

И од тие нешта сум покриена со лузни. Многу поинакви лузни. Бев злоупотребувана... не дозволувам тоа да ме дефинира. Лузните... речиси и не се лузни. Тие се моите приказни.

Сè уште се сеќавам на сиропиталиштата. Долги, мрачни ходници. Студ толку силен што можеше да си го видиш здивот. Ноќите беа најлоши – рекла Оксана, која на 7-годишна возраст била посвоена од самохрана Американка, која ѝ го дала првиот вистински дом и шанса за нов живот.

По низа сложени медицински интервенции, двете нозе ѝ била ампутирани над колена, а прстите на рацете ѝ биле модифицирани за функционалност. Наместо да ја скрши, ова ја направило посилна и болката станала дел од нејзината сила.

Спортот го трансформирал животот на Мастерс. Таа почнала со адаптивно веслање, потоа продолжила со параскијачки дисциплини и парациклизам, освојувајќи медали на летни и зимски Параолимписки игри.

На Зимските Параолимписки игри во 2026, кои започнаа на 6 март, Мастерс освои три златни медали, носејќи ја нејзината вкупна колекција на 12 златни и вкупно 22 медали, со што стана најодликуваната параолимпијка во историјата на САД.

„Не влегов во спортот за да победувам. Влегов за да откријам колку е силно моето тело“ – рекла таа.

Tags
Оксана Мастерс
Зимски параолимписки игри Милано – Кортина 2026

Најнови

  • Родена со деформитети поради Чернобил, малтретирана во сиропиталиште... Која е шампионката која доминира на Параолимпијадата?

    Thu, 03/19/2026 - 14:05
  • 20 март – Меѓународниот ден на среќата

    20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија

    Thu, 03/19/2026 - 13:55
  • „10 дена во кома и месец борба за живот“: Потресна исповед на повреден од пожарот во „Пулс“

    Thu, 03/19/2026 - 12:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.