• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Ризици при покачен крвен притисок и дијабетес!

3 април 2023, 18:30
  • cподели

Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставуваат ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот е состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова е најчесто поради недоволно количество на хормонот - инсулин или поради негова неефективност. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет - тип 1, тип 2, пред-дијабетна состојба, како и гестациски дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчести се: генетските, прекумерната телесна тежина, возраста, слабата физичка активност, останатите здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Покачен притисок

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го контролираат. Доколку има покачување во вредностите на крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да доведе до бројни компликации кај лицата со дијабет.

Можно е да се јават проблеми со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулација и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и придонесува за нивно стврднување - состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето - особено зголемувајќи го ризикот од оштетување на крвните садови, од инфаркт, од мозочен удар или за проблеми со бубрезите.

Покачен притисок

Според некои проценки, луѓето коишто имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:

  • покачена телесна тежина
  • пушење
  • консумирање на прекумерни количества алкохол
  • физичка неактивност
  • исхрана богата со масти и сол
  • генетски предиспозиции
  • возраст

Како да го намалиме ризикот?

Контролирањето на дијабетот, односно нормализирањето и балансирањето на шеќерот во крвта значи и контрола врз нашата севкупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години.

Дијабет

Најдоброто и наједноставното решение е во нас, во нашите секојдневни навики. Во тој поглед се препорачува:

  • здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)
  • редовна физичка активност
  • менаџирање и контролирање на стресот
  • откажување на цигарите
  • консумирање на алкохол само во умерени количини
  • избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол

Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата здравствена состојба и да влијаат превентивно.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.