• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ријана си ги истетовира „чкртаниците“ на децата, коментарите не стивнуваат: „Изгледа како варикозни вени“

14 мај 2026, 14:14
  • cподели

Ријана ги размрда прстите на интернет корисниците со својата нова тетоважа.

Славната пејачка одлучи на својата кожа да ги овековечи „чкртаниците“ на нејзините деца Риза, Рајот и Роки и зад коленото си направи тетоважа од линии.

Познатиот тату-артист познат како Bang Bang на Instagram откри дека дизајнот бил „создаден од нејзините бебиња“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bang Bang Tattoo (@bangbangnyc)

Фановите веднаш почнаа да коментираат, а мислењата беа поделени. Додека едни ја нарекоа тетоважата „преслатка“ и „емотивен спомен што ќе трае засекогаш“, други не беа воодушевени.

„Колку и да си ги сакам децата, никогаш не би го направила ова“, „Изгледа како варикозни вени“, „Кога си под тушот и купче влакна ќе ти паднат на ногата“, „Изгледа како модринка од лошо паѓање“, „Најлесно заработените пари на тату артистот“, „Можеш да го ставиш цртежот на фрижидерот и пак да си ги сакаш децата“ – се само дел од коментарите.

Ријана и Ејсап Роки го добија третото дете, ќеркичката Роки, во септември минатата година. Нивното првото дете, синчето Риза Ателстон Мајерс, се роди во мај 2022 година, а Рајот дојде на овој свет на 1 август минатата година.

Парот започна да се состанува во 2020 година.

Tags
Ријана

Најнови

  • Обука на Матрона и dm

    dm и „Матрона“ организираат бесплатен едукативен и интерактивен настан за идни родители во Битола

    Thu, 05/14/2026 - 15:06
  • Ријана си ги истетовира „чкртаниците“ на децата, коментарите не стивнуваат: „Изгледа како варикозни вени“

    Thu, 05/14/2026 - 14:14
  • Елена Џебр

    „Треба само.. да работиш како да немаш деца и да си мајка како да немаш работа“: Елена Џебр саркастично го опиша „лесното“ современо мајчинство

    Thu, 05/14/2026 - 13:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.