Ријана на насловна со 7-месечното бебе пред да објави провокативна кампања за нејзиниот бренд
Само денови откако позираше со својата 7-месечна ќеркичка, Ријана ги изненади фановите со провокативна летна кампања за нејзиниот бренд Savage X Fenty.
38-годишната пејачка ги разгоре социјалните мрежи, позирајќи во црвена долна облека, во провокативни пози и со самодоверба која е нејзин заштитен знак. На една од фотографиите, музичката ѕвезда носи танга и позира на колена, додека на друга лежи на софа во заводлива поза, истакнувајќи ја својата фигура.
„Savage summer loading…“ – напиша Ријана на Instagram, најавувајќи ја новата колекција, која веднаш предизвика лавина реакции од обожавателите.
Кампањата доаѓа непосредно по нејзиното појавување на насловната страница на списанието „W“ со ќеркичката Роки.
Иако во последните години беше повеќе фокусирана на бизнисот и семејството, пејачката неодамна откри дека повторно работи на нова музика.
Ријана е мајка на три деца од врската со раперот Ејсап Роки.
