Дали е red flag ако некој воопшто не пие кафе?
Колку кафиња се премногу и кое кафе е вистинскиот избор за вечерна дружба?
Во новата епизода на Nera Talks, серијалот на Студентарија.мк и NERA Caffè, повторно се отвораат секојдневни теми за кои секој има свој став – од соло патувања и спонтани одлуки, до кафе-навики и оние мали red flags што веднаш ги забележуваме кај другите.
Разговорот започнува со соло патувањата и чувството дека понекогаш најдобрите одлуки се токму оние што ги носиме спонтано. А потоа следува и една поинтересна дилема – дали човек што воопшто не пие кафе е red flag?
За некого можеби да, додека некој друг веднаш би се обидел да го предомисли.
А кога станува збор за тоа колку кафиња се премногу, одговорот зависи од тоа кого ќе прашате. Ако прашате новинар, на пример, првите три можеби воопшто не се бројат. Кога изборот е меѓу TikTok и кафе, пак, дилемата е многу полесна – кафето победува.
За вечерна дружба изборот паѓа на кафе со бадемово млеко, а разговорот уште еднаш покажува дека од едно едноставно прашање можат да се отворат сосема различни теми, ставови и приказни.
Nera Talks продолжува со кратки, непосредни разговори за работите што се дел од секојдневието на младите, со NERA Caffè како природен дел од дружбата и разговорот.
Погледнете ја новата епизода и откријте ги одговорите.
А за вас – red flag ли е ако некој не пие кафе?