Рафаел Надал го учи синчето да скија на зимување со саканата: „Линдзи Вон, дали имаш некој совет за нас?“
Рафаел Надал уживаше на зимување со малото синче и сопругата Марија Франциска Перељо.
39-годишниот тенисер го учеше малото синче, кое го носи неговото име, да скија во ресортот „Baqueira Beret“ во Шпанија.
Тој сподели видео од првите обиди на малиот Рафаел да скија и се пошегува со врвната скијачка Линдзи Вон.
„Ви споделувам уште неколку фотографии од нашата семејна недела на снег!
Линдзи Вон сè уште учиме… имаш ли некој совет за нас? 😅“ – напиша Надал.
Линдзи не пропушти да му врати и напиша: „Го обожавам ова.
Рафаел и Марија се заедно повеќе од 20 години, а стапија во брак во 2019 година. Покрај 3-годишниот Рафаел, тие имаат уште еден син, 6-месечниот Микел.
