• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Прво појавување пред камери по киднапирањето: Даниел Кајмакоски настапи на „Pesma za Evroviziju“

25 февруари 2026, 11:21
  • cподели

Даниел Кајмакоски за првпат се појави на јавен настан по неговото киднапирање во Белград, коешто се случи пред две недели.

Македонскиот пејач застана пред камерите на сцената на „Pesma za Evroviziju 2026“, во рамките на првата полуфинална вечер.

Во ревијалниот дел од вечерта посветен на победите на Австрија на Евровизија, пејачот настапи со енергична изведба на песната „Nobody but You“ од 2018 година, придружуван од танчерска група.

Инаку, полицијата и понатаму трага по двајцата осомничени кои, според информациите, рано наутро го киднапирале во близина на „Бетон хала“ во Белград. Пејачот бил пронајден врзан на задното седиште од автомобил, додека напаѓачите избегале во непознат правец. Истрагата е во тек и се разгледуваат повеќе можни мотиви.

По инцидентот се огласи и неговата сопруга Марина, која изјави дека семејството минува низ тежок период и дека поради тековната истрага, не смеат да откриваат детали. Таа потврди дека Кајмакоски е во стабилна состојба и дека се опоравува дома со најблиските.

Tags
Даниел Кајмакоски

Најнови

  • Помина 82 дена на ГАК, тежеше само 960 грама... Малата хероина Бисера си замина дома

    Thu, 09/03/2026 - 13:38
  • Авантура во Грција: Теа Трајковска атрактивна на летните фотографии од Миконос

    Thu, 09/03/2026 - 12:23
  • Што сè можете да купите во dm за само 55 денари? Овие „секогаш поволно“ производи ќе ве изненадат

    Thu, 09/03/2026 - 11:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.